Кои се петте најголеми предизвици при менаџмент на проекти на далечина

(Ова е гостински пост на Васил Буралиев, основач на VBU Consulting. Постот е првично објавен на Ituziast.com, и e реобјавен со негова дозвола.)


Во една прилика бев говорник на Универзитетот св. Кирил и Методиј, кога еден од студентите ми пријде со прашање. Темата на сесијата беше врзана со „контрола за верзионирање“ (Version Control), но прашањето беше поврзано со менаџирање на проекти на далечина. Од моето преставување студентот дозна дека работам како проектен менаџер на дистрибуирани тимови.

Неговото прашање беше „Како работиш како проектен менаџер на далечина? Можно ли е ова воопшто?“. Ми кажа дека имал можност да работи како проектен менаџер во компанијата на татко му. Очигледно беше дека искусил многу проблеми како млад проектен менаџер. Воочливо беше дека предизвиците на оваа мултидисциплинарна позицја што ги искусил студентот, му создаваа дилеми дали воопшто е можно управување на проекти на далечина. И беше во право. Управувањето со проект на далечина не е едноставно.

И претходно имав слушнато слични прашања, па решив да го напишам овој текст. Не е тешко да разберете дека луѓето не можат да замислат управување проекти на далечина.

Управување на ваков вид проекти е како да управувате со проект со заврзани раце, без да гледате и со една скршена нога.

Слично како и луѓето со хендикеп, на кои другите сетила им се развиени повеќе за сметка на оние што им недостасуваат, проектниот менаџер на далечина мора да подобри некои вештини кои се поважни за овој начин на работа. На пример, една од клучните вештини за управување со проекти на далечина е пишана комуникација. Пишаната комуникација е уште повеќе важна доколку тимот е дистрибуиран на различни локации во Светот (со различни часовни зони), па така редовната вербална комуникација е отежната.

Во одредени сегменти потребно е да се подобрат вештините. Без никаков сомнеж одлични комуникациски вештини (особено пишана комуникација), поставување на јасни и разбирливи цели и добра платформа за колаборација се важни сегменти за кои сегменти потребно е да се развијат специфични вештини.

Ваквиот начин на работа бара посветеност во континуиран развој на одреден сет на вештини но и континуирано следење на фелата и учење од нивните искуства. Во тој контекст, по кратко истражување и прибирање туѓи искуства, во комбинација со моето лично искуство, направив листа на 5 специфични предизвици и препораки во контекст на управување со проекти на далечина.

Идентификување на специфични предизвици

  1. Тешкотии при креирање распореди
  2. Комуникациски проблеми
  3. Јазични и културни бариери
  4. Предизвици со следење на перформансите на вработените (продуктивноста)
  5. Недостаток на доверба и кохезија во тимот

Препораки

  • Пронајдете соодветни членови на тимот / запознајте ги луѓето како индивидуи / ангажирајте ги вистинските луѓе
  • Поставете јасни очекувања за комуникација
  • Поминете дополнително време во фазата на планирање на проектот
  • Пронајдете начини да го зголемите моралот на тимот / Создадете тимска атмосфера
  • Одберете и поставете ги најдобрите алатки за соработка и алатка за следење на задачите
  • Воспоставете насока за целите и вредностите на проектот и за заедничките цели / Направете ги целите јасни
  • Јасно дефинирајте ја одговорноста на членовите на тимот и дајте им слобода во нивното делување
  • Креирајте јасни процеси и дефинирајте структура преку која ќе му се помага на тимот
  • Одбележувајте го и прославувајте го успехот
  • Бидете човек

Заклучок

Задачата за управуавaње со проект на далечина не е лесна, но не е невозможна доколку имате: вистинските луѓе на кои можете да им верувате, со претходно поставени јасни заеднички цели и најдобри алатки за соработка и следење на извршувањето на дефинираните активности.

Референци

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии