Kои се PayPal Мaffia и зошто се највлијателните луѓе во ИТ светот?

Што е заедничко за Indiegogo, LinkedIn, Zynga, SpaceX, Facebook, Yelp, YouTube, AirBnB и куп други нови иновативни компании?

Сите овие стартапи се финансирани од основачкиот тим на PayPal, финансискиот сервис кој стартуваше во 1999 година и се продаде во 2002-ра на Ebay за 1,5 милијарди долари. Парите што ги добија основачите ги искористија да основаат други компании и фондови преку кои ја поддржаа ИТ револуцијата. Денес деветнаесетте основачи во Силициумската долина се познати како PayPal мафија, а овој иконографик покажува зошто.

Меѓу највлијателните од групата се Питер Тиел кој е инвеститор во 55 компании, и Илон Маск кој е основач и директор на SpaceX и Tesla Motors, две компании кои буквално ги менуваат своите индустрии. Стив Чен, Чад Хрли и Џавед Карим се основачи на YouTube, Макс Левчин, Џереми Стопрлмен и Расел Симонс се основачи на Yelp, a Рид Хофман и Кит Ребоа се основач и директор на LinkedIn. Најактивни се Скот Банистер кој основа две, и е директор во една компанија, и инвеститор во 80 други; Кит Ребоа кој е основач на една, директор во три и инвеститор во 55 компании; и Дејвид Меклур основач и директор во две компании, и инвеститор во 82 компании. Она што можеби е помалку проблематично е констатацијата на Next Web кој прашува „Дали богати бели мажи навистина имаат монопол над добрите идеи?“

Meet the Dons who run Silicon Valley – the PayPal Mafia
Explore the full interactive version (via Fleximize).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии