Kои се опасностите од злонамерниот мобилен софтвер? (инфографик)

Од крадење на лични податоци, бришење на податоците на мобилниот, вклучување во зомби ботнет мрежа и намерно праќање на пораки до премиум броеви. Сите овие се реални опасности од злонамерниот софтвер кој станува се „попопуларен“, во 2010-та се забележани 2.500 напади на мобилни уреди наспроти само 853 во 2009-та, вели безбедносната компанија Bullguard во својот инфографик.

Целта на вирусите се паметните телефони, и тоа не исклучува ниту една платформа. Android, iOS, BlackBerry, Symbian и Windows Phone, сите се мета на spyware, phishing, црвови и тројанци.

За да си ги заштитите мобилните телефони и податоците, првин осигурајте се дека симнувате апликации од веродостојни продавници, повеќето платформи си имаат своја официјална продавница, немојте да пристапувате до банкарски и други финансиски сервиси преку јавна Wi-Fi мрежа, симнете си мобилен антивирус и Firewall, и секако, имајте сложена лозинка.

(via Mashable)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии