Кои се новите опции на Firefox 8?

Mozilla продолжува со брзото освежување на својот веб прелистувач, пуштајќи ја во употреба осмата верзија на Firefox само шест недели откако беше пуштен Firefox 7. Во рок oд една година, Mozilla има пуштено дури пет верзии на Firefox. Новата, осма по ред верзија на Firefox визуелно скоро воопшто не се разликува од седмицата, меѓутоа сепак содржи неколку подобрувања.

Една од најинтересните новини е опцијата за Twitter пребарување во Firefox лентата за пребарувања, која им овозможува на корисниците да пребаруваат теми, хаш-тагови и кориснички имиња од друштвената мрежа. Можноста за Twitter пребарување е достапна на англиски, јапонски, португалски и словенски, и во идните верзии се предвидува поддршка за повеќе јазици.

Уште една многу добра новина е тоа што сите инсталирани додатоци и екстензии автоматски се оневозможуваат, сè додека корисникот не ги одобри. Со овој потег, Mozilla ја подобрува безбедноста и приватноста на веб прелистувачот. Корисникот секој пат ќе биде прашуван за дозвола пред да може да се инсталира било каква екстензија или плагин.

Работата на јазичињата е исто така подобрена, и начинот на кој тие функционираат. Па така, доколку се рестартира веб прелистувачот, ќе се отвори само она јазиче кое е активирано, додека останатите ќе останат празни сè додека корисникот не ги активира.

Firefox 8 може да се пофали и со подобрена поддршка за WebGL, технологијата која ги користи хардверските можности на машините за подобро прикажување на графиките во веб пребарувачот. Android корисниците сега ќе ја имаат опцијата да овозможат една главна лозинка која ќе ги заштити сите зачувани кориснички имиња и лозинки на веб пребарувачот. Добра вест за девелоперите е и тоа што Firefox 8 нуди нова HTML опција која ќе им овозможи на лесен начин да додаваат контекст мени на своите веб страници и веб апликации.

3 коментари на “Кои се новите опции на Firefox 8?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии