Кои се најголемите предизвици во новата училишна година?

Денеска, се донесе одлука новата училишна година да започне онлајн. Учениците од прво, второ и трето одделение, меѓутоа, треба да одат на училиште, под услов да добијат одобрување од родителите. Оние училишта кои имаат мал број ученици во паралелки исто така можат да посетуваат настава на училиште, независно од тоа кое се одделение.

Како ќе се организира и држи онлајн наставата?

Министерот за образование и наука објасни дека работат на една единствена платформа која ќе биде користена и од наставниците и од учениците. Повеќе детали за таквата платформа не беа дадени, но повторно се стави акцент на Едуино каде наставниците можат да поставуваат видео предавања кои подоцна се гледаат од учениците. Иако Едуино функционира половина година, нашиот впечаток е дека сепак нема доволно видео часови и дека допрва треба да се надополнува со, пред сè, квалитетни содржини кои правилно би ги мотивирале учениците да го следат предавањето, да ја разберат теоријата и да се здобијат со можности за практична примена. Паралелно со ова, се очекува наставниците да држат онлајн часови од нивните училишта, а не од дома, како што беше случајот во изминатата училишна година. Под услов самите училишта да не се организираат за користење една алатка, учениците би можеле да користат Facebook, Zoom, Google Classroom, Class Dojo, и слични алатки за следење часови и сработување на училишните обврски.

Teach Online with Talk915tutor - Online (remote) work | iSL JOBS

Како ќе се организира и држи наставата во училишта?

Со маска и дистанцирање, секој ученик ќе седи на една клупа и ќе ги следи часовите кои ќе се со времетраење од 30 минути. Посебен акцент ќе се дава на хигиената, а на одморите малите ученици да не се приближуваат еден до друг, да не се допираат и да не ги отстрануваат нивните маски. Под услов денеска да имаат 5 часа, децата треба да носат маска и да се социјално дистанцираат 190 минути. Родители нема да бидат пуштани во внатрешноста на училиштето, туку ќе ги чекаат децата надвор.

Од наставниците се очекува подеднакво да ги почитуваат сите протоколи, а часовите кои ќе се држат да бидат во скратена форма. Тоа би значело и дека треба да се исфрлат или да заземат поразлична форма сите оние активности кои бараат групирање и заедничка работа.

Strong recommendation for masks in schools not good enough, union says |  CBC News

Проблеми со онлајн настава

Претпоставуваме дека најголемиот број проблеми кои би можеле да се јават со онлајн наставата се од етичка, односно морална природа. Многу е лесно да се каже дека снемало интернет, компјутерот е на поправка недела дена, таблетот снема батерија, не се слуша ништо, или камерата прави проблеми. Искушението знае да биде подеднакво привлечно како за едни учениците така и за други наставници. Токму поради тоа наставниците онлајн часовите би ги држеле во нивните училишта. Но, тука имаме друг проблем. Замислете училиште со 60 вработени и еден кабинет од 20 функционални компјутери. Како ќе се организираат тие наставници, во колку смени и на кој начин ќе можат да ги држат предавањата без да си пречат едни на други? Дали ќе се доведеме во ситуација да самите наставници мора да носат нивни лаптопи па да се распределуваат во училници?

Што е со оној наставник кој предава во трето оделение, но половина родители не дале дозвола за учење во училиште, туку онлајн? Дали тој наставник треба да држи пет часа со физичко присуство, па потоа пет часа онлајн?

Од друга страна, има ученици кои не се технички спремни да излезат во пресрет на предизвикикот. Има ученици кои имаат компјутер, но немаат домашни услови. Што ќе се прави со учениците кои или немаат интернет, или се принудени да слушаат настава од мал телефон? Како да се реши прашањето доколку во собата е и помалата сестра која нема каде да оди, родителите се расправаат или е премногу студено.

Online English Teachers - Online, Online Teaching jobs

Ова загрижува, но само доколку не се земе во предвид состојбата на учениците кои ќе одат на училиште.

Проблеми со настава на училиште

Малото дете е полно со енергија. Младиот ум постојано бара начини за трошење на енергијата. Сите од тие начини се поврзани со социјализација. Прашајте наставник кој почнува да работи во училиште кој е најголемиот предизвик и скоро секогаш ќе добиете одговор дека тоа е управување со училница. Во нормални услови, воспоставување контрола е долг и исклучително сложен процес кој се менува во зависност од карактерите на самите ученици. Нема магично решение за организирање на учениците, процесот на всадување вредности за одговорност, внимавање и почитување на опкружувањето.

Училишната година не ја почнуваме во нормални услови. Како и многу работи кои убаво звучат во теорија, праксата се има покажано како сосема различна работа. Дали ќе може и сака наставникот и да ја предава лекцијата и да внимава сите 20 ученици да не се допираат, да не ја симнуваат маската и да одржуваат социјална дистанца? Како ќе изгледа сево ова за време на малите и големите одмори кога одредени наставници, сосема оправдано, бараат кратка пауза? Што правиме со проблематичните ученици кои не почитуваат авторитет, или со деца кои плачат кога нивните родители не се во училницата? Најважно од сè, што правиме кога тие деца завршат со часови и излезат во училишниот двор или надвор од него? Дали навистина веднаш ќе одат дома? Или ќе си играат половина час, без маски и без контрола од возрасен? Што е со оние деца што чекаат автобус? Што правиме кога со таа валкана облека тие деца ќе влезат дома?

Секоја паричка има две страни, а ова се прашања чии можни одговори ќе бидат дадени само со текот на времето. Но, во потрага по одговорите никако не смее да се заборави ултимативниот приоритет – здравјето на учениците и на тие околу нив.

It's Ridiculous to Treat Schools Like Covid Hot Zones | WIRED

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии