Кои се најголемите победници на BAFTA 2020?

Еден од најголемите настани за компјутерски игри, 2020 BAFTA Game Awards, овојпат се реализира само преку онлајн настан.

Како изгледаше целосниот настан?

За време на настанот, некако се очекуваше највеќе да се истакнат ААА насловите Control и Death Stranding. Имено, ова се двете игри кои доминираа низ најголем број категории. Интересно е тоа што, местото на славата целосно им беше преземено од две други игри, кои се, всушност, инди.

Outer Wilds и Disco Elysium освоија по три награди, доминирајќи максимално за време на целиот настан. Наградата за најдобра игра отиде кај Outer Wilds, а наградата за деби игра беше присвоена од Disco Elysium. И Control и Death Stranding имаа по 11 номинации, но и двете освоија само по една награда, Control за изведба, а Death Stranding за техничко достигнување.

Целата листа од победници изгледа вака:

  • Анимација- Lugi’s Mansion 3
  • Уметничко достигнување – Sayonora Wild Hearts
  • Аудио достигнување – Ape Out
  • Најдобра игра – Outer Wilds
  • Британска игра – Observation
  • Деби игра – Disco Elysium
  • Игра која постојано се развива – Path of Exile
  • Семејна игра – Untitled Goose Game
  • Игра која се истакнува над забавата – Kind Words 
  • Дизајн на игра – Outer Wilds
  • Мрежно играње- Apex Legends
  • Музика- Disco Elysium
  • Приказна- Disco Elysium
  • Оригинална игра – Outer Wilds
  • Изведувач во главна улога – Gonzalo Martin (Life is Strange 2)
  • Pизведувач во споредна улога – Martti Suosalo (Ahti the Janitor, Control)
  • Техничко достигнување – Death Stranding
  • Игра за телефон на годината , гласано од публиката – Call of Duty: Mobile

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии