Во пресрет на големата зимска распродажба на Steam, која би требало да се случи денеска по 19:00 часот, се најавија и номинациите за најдобрите игри на оваа платформа. Неодамна, заедницата гласаше кои игри да бидат номинирани, а од 21.декември до 2.јануари, гејмерите ќе можат секојдневно да гласаат за ултимативните победници.

Во продолжеток, читателите можат подетално да се запознаат со невообичаените категории и игрите се кријат зад нив. Имајте во предвид дека секоја од категориите ќе биде отворена само 24 часа и дека по заклучување на едната категорија, се отвара другата.

21.декември – The “Choices Matter” Award

Игра во која фокусот е на слободата и изборот кој произлегува од тоа, независно дали се работи за 31 начин за пробивање низ непријателската територија, десетици партнери за градење романтични врски или неисцрпни можности за садење репки.

-The Witcher 3: Wild Hunt

-Divinity: Original Sin 2

-Life is Strange: Before the Storm

-The Walking Dead: A New Frontier

-Dishonored 2

22.декември – The “Mom’s Spaghetti” Award

Која игра ве возбудува, ве прави среќни и ве опсипува со интензитет од кој колената потклекнуваат, рацете се потат, а пријателите ве потсетуваат да земете здив. Ова е награда која стои раме-до-раме со шпагетите на мама.

-PLAYERUNKNOWN’S BATTLEGROUNDS

-Outlast 2

-RESIDENT EVIL 7

-The Evil Within 2

-Alien: Isolation

23.декември -The “Labor of Love” Award

Ова се евергрин игрите, наслови кои се излезени подолго време, но тимот тврдоглаво одбива да крене раце и, како и сите добри родители, пружа несебична поддршка. Ова се игрите за кои времето не значи ништо, а надградбите неуморно усовршуваат нешто што е веќе совршено.

-Team Fortress 2

-Warframe

-Titan Quest Anniversary Edition

-Path of Exile

-Crusader Kings II

24.декември – The “Suspension of Disbelief” Award

Одредени игри имаат исклучително откачени елементи, клучни компоненти кои доколку би пробале да ги опишете надвор од контекстот, звучат толку лудо да е неизбежна препораката да се дружите со пријатели во бело. Во моментот кога ќе го заиграте насловот, меѓутоа, таквото нешто станува целосно неважно и, во тој момент, апсолутно сè има потполна смисла.

-Saints Row IV

-Goat Simulator

-South Park the Fractured But Whole

-Rocket League

-Wolfenstein II: The New Colossus

25.декември – The “The World Is Grim Enough Let’s Just All Get Along” Award

За многумина, 2017 година е далеку од совршена и одредени игри се замислени да нè оттргнат од секојдневните грижи и ниските точки на животот. За многумина, таквото задоволство се чини двојно поголемо кога не произлегува од игри кои обработуваат теми на борба или конфликти.

-Stardew Valley

-Cities: Skylines

-Slime Rancher

-ABZU

-To the Moon

26.декември – The “No Apologies” Award

Ова е награда за игра која ја безусловно сакате и не се грижите нити за мислењето на останатите нити за одредени маани при играњето. Луѓето не ја разбираат вашата љубов кон оваа игра и тоа е сосема во ред. Нема никаква грижа на совест. Само задоволство во највисока форма.

-Rust

-Mount & Blade: Warband

-HuniePop

-Gothic II: Gold Edition

-The Witcher: Enhanced Edition (The Witcher 1)

27.декември – The “Defies Description” Award

Ова е игра која… кога подобро ќе се размисли потсетува на…. со комбинација на…. ова е игра која не може да се опише, потребно е само да се игра…

-Garry’s Mod

-The Stanley Parable

-Pony Island

-Antichamber

-Doki Doki Literature Club

28.декември – The “Cry Havoc And Let Slip The Dogs of War” Award

За некои, убавината е во хаосот и во игри кои нудат потенцијал за незапирлива сила. Станете агент ултимативната деструкцијата без да ви трепне око.

-Just Cause 3

-Total War: Warhammer II

-Broforce

-Red Faction: Guerilla Steam Edition

-Middle-earth: Shadow of War

29.декември -The “Haunts My Dreams” Award

Кои се игрите на кои мислите кога и не ги играте? Кои се насловите чии сцени ви се одигруваат секојпат кога ќе ги затворите очите? Овие игри не го бараат вашето време, вие сте тие кои од сè срце доброволно им го предавате времето.

-Counter-Strike: Global Offensive

-Dota 2

-Dark Souls III

-Factorio

-Sid Meier’s Civilization VI

30.декември – The “Soul of Vitruvius” Award

Како и познатото дело на Леонардо, така и овие игри ја слават убавината на дигиталното тело, кое може да човек, вонземјанка, животно или пак зелка. Нема апсолутно никакви дискриминации тука.

-NieR: Automata

-Rise of the Tomb Raider

-Hellblade: Senua’s Sacrifice

-I am Bread

-Bayonetta

31.декември – The “Whoooaaaaaaa, Dude! 2.0” Award

Би сакале да ви ја опишеме наградата. Навистина.

-Hotline Miami

-Luna

-Antichamber

-CPU Invaders

-The Evil Within 2

1.јануари – The “Best Soundtrack” Award

Малку работи знаат да ја издигнат играта на исто ниво како музиката. Соодветната песна точно знае да зацрта одреден тон, својствен за каков било аспект од играта, од едноставно истражување, па сè до епски битки со предизвикувачки непријатели. Оваа награда се доделува на играта чија музичка подлога допринесува до целосна имерзивност.

-Nier: Automata

-Crypt of the Necrodancer

-Undertale

-Cuphead

-Transistor

2.јануари – The “Even Better Than I Expected” Award

Порано или подоцна, сите сме се нашле во ситуација каде најавата за одредена игра целосно ќе нè побудали, до таа мера да сме спремни и предвреме да ја нарачаме, предвреме да ја преземеме и внимателно да го исчекуваме моментот на глобалното отклучување. Ова се игри кои ги исполниле сите ваши очекувања и многу, многу повеќе од тоа.

-Assassin’s Creed Origins

-Cuphead

-Call of Duty: WWII

-Hollow Knight

-Sonic Mania

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии