Кои се најдобрите алтернативи за YouTube?

YouTube е исклучително добар сервис, особено премиум услугите за кои зборувавме не толку одамна. Иако за многумина YouTube се чини како да го држи монополот со стримување милтимедијални содржини, постојат неколку исклучително квалитетни алтернативи.

Како две најпознати алтернативи дефинитивно се наметнуваат Vimeo и Daily Motion. Веднаш зад нив, би можеле да ја проверите релативно новата социјална мрежа BitTube (претходно познат по името BitTubbers). Со оглед на тоа дека не е долго време на сцената, малку сте ограничени во поглед на содржините. BitTube позајмува трик-два од YouTube во поглед на дизајнот, но нуди флексибилни можности кои се фокусираат на потребите на креаторите на содржини и стримери. Имате на располагање категории со видеа, стримови во живо, слики, и аудио.

Во случај да барате појдовна точка со изобилство од видео материјали, тогаш нема да погрешите со invidious. Преку овој веб сајт нема да бидете константно бомбардирани со реклами како кај YouTube, а коментарите за сите видеа се од Reddit. На располагање имате и Dark Mode, како и можност за менување на брзината на аудио изворот или само да оди аудио, а не и видео. Ако нешто има објавено на YouTube, без проблем можете да го гледате и на Invidious. Се што треба да направите е да го замените youtube.com делот од линкот со invidio.us. За секое најдено видео на сајтот имате и линк за истото видео на YouTube.

1 коментар на “Кои се најдобрите алтернативи за YouTube?

  1. YouTube е ужас да бидеме реални особено за членови кои сега почнуваат со нивниот канал
    Квалитетот на видеата им е катастрофа
    Еве јас правам видеа ама на македонски и тоа значи многу мала гледаност односто тоа значи најлош квалитет на видеата. Видеата ми се за игрици со модови Because PC, hardware-ски рецензии

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии