Кои се LulzSec, и дали навистина само заради lulz срушуваат сајтови?

Но, да почнеме од почеток, Lulzsec е асоцијација на озогласени хакери чија единствена агенда според нив е да го направат секој ден „петок навечер“, односно потенцираат дека сето ова го прават за забава. Можеби единствен мотивиран напад е нападот врз PBS.org за кој тврдат дека е мотивиран од неприкладно прикажаниот Бредли Менинг во дел од вестите за Wikileaks.  Кариерата на оваа озогласена група започна 25 дена пред нападот на серверот на PBS, со објавување на базата на податоци за учесниците во шоуто X-Factor. Поточно објавени биа имињата, телефонските броеви и адресите на сите учесници.

Можеби најголемата акција им беше нападот врз Sony Pictures на 2 јуни. По нападот ја поделија базата со податоци со светот преку торент на Pirate Bay. Со објавувањето на овие приватни податоци на 1 милион корисиници на Sony, како и со објавувањето на „профилите“ на корисниците на порталот за возрасни pron.com, Lulzsec секако го изгуби правото да бидат третирани како Прометеј на денешното време кој со луѓето ќе ја подели вистината украдена од боговите (читај: владите).

Но, нападите не престанаа тука. Во нивната досега најобемна операција „Titanic Takeover Thuesday”, ги нападнаа онлајн гејминг магазинот Escapist, онлајн играта EVE-Online, Minecraft и Legue of Legends. По ова од непознати причини почнаа да ги исмеваат гејмерите кои ги играат овие игри преку нивните твитови. Во неколку од постовите ги исмеваа и дизајнерите на EVE-Online, кои со цел да ги заштитат податоците на корисниците кои им ја укажале својата доверба ја направија според мене најпаметната работа и ги изгасија серверите, спасувајќи ја приватноста, но и податоците за кредитните картички на своите корисници.

Меѓутоа ова не е првпат Lulzsec да ги нападне гејмерите и компаниите кои дизајнираат видео игри. Во понеделникот еден ден пред безбедносното фијаско, хакерите објавија дека е пробиена заштитата на Bethseda, Nintendo и Epic Games. Со оглед на тоа дека Lulzsec биле фанови на овие дистрибутери не ја објавија базата со податоци што не значи дека немаа во најмала рака чудни барања, на пример побараа од Bethseda да објави повеќе податоци за Skyrim како и во играта да биде вметната капата (цилиндер) на нивната маскота.

Дека не станува збор само за „just for the Lulz” може да се види и од останатите цели на напади: InfraGard, информации за Gmail акаунти за владини службеници, FBI како и американскиот Сенат од кој е украден мал дел од датабазата, меѓутоа и тој дел може да ги компромитира ММФ, Lockheed Martin, Oak Ridge и многу други. Всушност додека го пишувам текстов Lulzsec го насочил својот „Lulz Canon” повторно кон EVE-Online и кон страната на CIA, www.cia.gov. За разлика од страната на CIA која не беше достапна кратко време, EVE-Online сè уште има проблеми четири часа подоцна.

За тоа дали постои врска помеѓу Anonymous и Lulzsec постојат единствено шпекулации, најновата е дека Lulzsec се екстремна група на хакери која заминала од Anonymous , со цел традиционално хакирање за пари. Од друга страна без разлика на тоа колку се ексцентрични некој членови на Anonymous досега нема објавено податоци од корисници, во последно време имаат и политички артикулирани ставови, рушење на режимите во Иран, Малезија, како и последната „Operation Empire State Rebelion“ за промена на Бен Баркер од функцијата гувернер на федералните резерви. За разлика од ова Lulzsec немаат артикулирани ставови и барања освен се разбира се да биде забавно ама на наша сметка. И покрај тоа што имаат симпатии кон Wikileaks не ја имаат истата желба за доставување на вистината. Всушност LulSec дури се исмева на 4chan форумот од каде се корените на Anonymous. Познатиот и озогласен /b/ форум не сака да се зборува за него, но Lulz намерно објавуваат линкови со цел медиумите да видат што се случува на /b/.

Dozens of major media outlets love watching our feed, and /b/ hates people talking about /b/. HEY MEDIA, CHECK THIS OUT: http://t.co/LkkjVooless than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

Конечно, сите овие напади доаѓаат брзо по одлуката на Пентагон сајбер нападите да можат да се сметаат за објава на војна. Меѓутоа токму овие случаи покажуваат колку е тоа смешно и нереалистично. Хак-атак ќе може евентуално да биде причина за војна ако е одобрен од режимот на некоја држава или доколку дозволува напади од својата територија. Сепак се чини дека тоа им е јасно на сите со оглед на тоа дека за да ги победат Lulzsec, CIA го врбуваа човекот кои ја нападна страната на Wikileaks исто така познат >твитерџија th3je5t3r (the jester).

@lulzsec http://t.co/Q0x2aMQ – just a teaser. Got a backlog of this shit girls. – shhh shhhless than a minute ago via Twitter for Android Favorite Retweet Reply

@lulzsec – no comforting words from this point on. My silence previous, and forthcoming, is the anti-you. http://t.co/HPC1mOL – Expect me. xless than a minute ago via Twitter for Android Favorite Retweet Reply

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии