Кои iOS апликации оствариле најголема заработка во 2018 година?

Дејан Соколоски

во Вести

Секоја година апликациите на iOS заработуваат стотици милиони долари. Секако со оглед на тоа дека сме на крајот на годината ќе има анализа и на овој сегмент од пазарот. Ова се 10-те апликации кои најмногу заработиле минатата година според анализата на Business Insider.

За жал ако се надевате дека ќе  може да пронајдете нова интересна апликација од листата, дел од нив се наменети за ограничен пазар. Она што можеби е поинтересно е дека половина од апликациите на листата се развиени од кинески развивачи. На првото место убедливо е апликацијата на платформата за стриминг на телевизија – Netflix. Повеќе од половината на апликациите се наменети за стриминг на телевизија на мобилна платформа. Секако добар дел од овие апликации доаѓаат и со претплата, што овозможува поголема заработка.

  1. Netflix –  790,2 милиони долари – сервис за видео стриминг
  2. Tencent Video – 490 милиони долари – сервис за видео стриминг
  3. Tinder – 462,2 милиони долари – платформа за романтични контакти
  4. iQiyi – 420,5 милиони долари – сервис за видео стриминг
  5. Kwai – 264,5 милиони долари – друштвена мрежа за споделување на видео
  6. YouTube – 244,2 милиони долари – платформа за споделување на видео
  7. Pandora – 225,7 милиони долари – платформа за стримање на музика
  8. Youku – 192,9 милиони долари – сервис за видео стриминг
  9. QQ – 159, 7 милиони долари – платформа за инстант пораки
  10. Hulu – 132.6 милиони долари – сервис за видео стриминг

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии