Ноември отсекогаш се нарекувал златниот месец за видео игрите. Како и танцот на исушените лисја, така и игрите го задеваат гејмерот и себично преколнуваат за неговото внимание. Кои игри вие ќе играте?

The Quiet Man (PC, PS4) – 1.ноември

The Quiet Man е игра која се најави со еден од најлошите трејлери на Е3. Она што можеше да се извлече од трејлерот е дека главниот лик, Дејн, е глув и не сака ништо повеќе од тепање, а официјалниот опис ветува игра со филмска акција во живо, од висока продукција. Како игра за еден играч, The Quiet Man се игра во трето лице, а примарната цел е да излезете на крај со предизвикувачките борци од улиците на Њу Јорк.


Football Manager 2019 (PC) – 2.ноември

За Football Manager 2019, Sega не планира премногу да застранува од урнекот и вети гејмплеј кој ќе е доста сличен со претходните игри од Football Manager серијалот. Најновата симулација, меѓутоа, ќе се одликува со нови, проширени режими, како Video Assistant Referees (VAR). Дополнително, механиките за тренирање се целосно променети и дозволуваат подлабоко усовршување на одредени способности. Football Manager 2019 ќе биде и првата игра во која ќе гостува женски менаџер. Па така, заинтересираните можат да се радуваат на средбата со менаџерката на Челси LFC: Ема Хејс.

Overkill’s The Walking Dead (PC) – 8.ноември

Од студиото зад надалеку познатата Payday 2, доаѓа The Walking Dead игра која е значително поразлична од игрите кои ги искусивме од Telltale. Овој шутер во прво лице, е заснован на механики кои бараат заедничка соработка со останати лица. Можете да играте со четири ликови. Секој од нив располага со уникатни вештини и способности кои се клучни за постигнување на целите. Покрај вртоглава акција, очекувајте и прикрадување, како и елементи на RPG и survival horror.

Hitman 2 (PC, PS4, Xbox One) – 13.ноември

Hitman 2 не сака ништо повеќе од подобрување на гејмплејот на популарниот хит од 2016 година. Двојката ќе се одликува со шест мисии сместени низ шест различни локации. Покрај нови можности за употреба најразлични гаџети, ќе можете да криете поголеми оружја во актовки, како и да земате учество во временско-ограничени Elusive Targets мети. Една од метите ќе биде и Шон Бин.

Hellgate: London (PC) – 15.ноември

Hellgate: London повторно се враќа на Steam, но најверојатно не како ММО игра, туку како single player остварување. За играта се бележи болна историја од прекини и згаснувања, но Hellgate: London тврдоглаво одбива пораз и постојано наоѓа начини да се врати на големата врата. Оние кои се по hack and slash акција во трето лице, инспирирана од Diablo игрите, можат да ја проверат играта од 15.ноември

The Settlers History Collection (PC) – 15.ноември

За сите фанови на уникатни стратегии од германскиот Blue Byte се спрема ултимативната колекција од сите седум игри. Според авторите, сите игри се подобрени и оптимизирани за модерните системи, со познати гејмплеј механики, но со нов ситем за исхрана и мета-игра.

Fallout 76 (PC, PS4, Xbox One) – 14.ноември

Се што ви се допадна во Fallout 4 ќе биде во Fallout 76, но со една огромна разлика. Во играта најстрого се охрабрува заедничко играње. Fallout 76 почна како мод зa мрежно играње во Fallout 4, но работите некако излегоа од контрола и модот стана премногу голем и комплексен за да може и понатаму да се вика мод. Fallout 76 може да се игра самостојно, но тоа апсолутно не е поентата во оваа игра и за да одредени работи станат полесни, едноставно морате да барате помош од група луѓе. А, тука се и микротрансакции. Бројни микротрансакции кои не се само од козметичка вредност. Fallout 76 е наслов кој е замислен дополнително да ги цеди корисниците. Од срце посакуваме да не сме во право.

Battlefield V (PC, PS4, Xbox One) – 20.ноември

Battlefield 5 можеби ќе излезе месецов, но за battle royale режим ќе мора да се стрпите дури до пролет 2019 година. Според EA, за декември се планира нова мапа фокусирана со битки со тенкови, нова мисија за еден играч и можност да вежбате пукање со најразлични оружја. Во јануари, ќе бидат активирани два нови режими, како и ко-оп мисии низ различни мапи, а во март ќе излезе нова мапа сместена во Грција, како и Firestorm – планираниот Battle Royale мод.

Darksiders III (PC, PS4, Xbox One) – 27.ноември

Овој пат играте со Fury, сестрата од четирите коњаници, а вашата цел е да им ставите крај на побегнатите седум смртни гревови. „Како волшебничка, Fury се потпира на нејзиниот смртоносен камшик и магија за да постави баланс помеѓу доброто и злото“, објаснува официјалниот опис и додава дека проширениот свет од Darksiders 3 е во динамична и отворена форма, а ја прикажува планетата Земја како целосно истрошена од војна и надвладеана од природата. Студиото планира да ве шета од една до друга локација (и назад) за да откривате тајни кои се клучни за одмотување на приказната. Gunfire Games е всушност студио составено од поголемиот дел девелопери кои работеа на претходните две игри и, според издавачите THQ Nordic, нема тим кој би бил подобар во создавањето на Darksiders 3.

Листа на сите игри кои ќе излезат во ноември:

The Quiet Man (PC, PS4) – 1.ноември
Taiko no Tatsujin: Drum Session (PS4) – 2.ноември
Taiko no Tatsujin: Drum ‘n’ Fun (Switch) – 2.ноември
Diablo 3: Eternal Collection (Switch) – 2.ноември
Crayola Scoot (PC, PS4, Xbox One, Switch) – 2.ноември
Football Manager 2019 (PC) – 2.ноември
Moonlighter (Switch) – 5.ноември
ARK: Extinction (PC, PS4, Xbox One) – 6.ноември

GRIP (PC, PS4, Xbox One, Switch) – 6.ноември
Omen of Sorrow (PS4) – 6.ноември
Transpose (Rift, Vive, PS VR) – 6.ноември
Carnival Games (Switch) – 6.ноември
Brawlhalla (Xbox One, Switch) – 6.ноември
Overkill’s The Walking Dead (PC) – 8.ноември
Leisure Suit Larry – Wet Dreams Don’t Dry (PC) – 6.ноември

Swords and Soldiers 2 Shawarmageddon (PC, PS4) – 6.ноември
Deracine (PSVR) – 6.ноември
SYREN (PSVR) – 6.ноември
World of Final Fantasy Maxima (PC, PS4, Xbox One, Switch) – 6.ноември
Monster Boy and the Cursed Kingdom (PS4, Xbox One, Switch) – 6.ноември
HellSign – Steam Early Access (PC) – 7.ноември
Fluffy Horde (PC) – 7.ноември
Kursk (PC, PS4, Xbox One) – 7.ноември
Holy Potatoes! A Spy Story?! (PC) – 7.ноември
Steel Rats (PC, PS4, Xbox One) – 7.ноември

Survival Ball (PC) – 8.ноември
Valiant Hearts (Switch) – 8.ноември
Crashlands (Switch) – 8.ноември
The Bug Butcher (Switch) – 8.ноември
Mercenaries Wings: The False Phoenix (Switch) – 8.ноември
Rage in Peace (PC, Switch) – 8.ноември
Battlezone Gold Edition (Switch) – 8.ноември
Tetris Effect (PS4, PSVR) – 9.ноември
Anno Domini 2018: Townsmen (Switch) – 9.ноември
Battlefield 5 EA/Origin Access trial (PC, Xbox One) – 9.ноември
Hitman 2 Gold and Collector’s Editions (PC, PS4, Xbox One) – 9.ноември
11-11: Memories Retold (PC, PS4, Xbox One) – 9.ноември

Hitman 2 (PC, PS4, Xbox One) – 13.ноември
The Room 3 (PC) – 13.ноември
Spyro Reignited Trilogy (PS4, Xbox One) – 13.ноември
Fallout 76 (PC, PS4, Xbox One) – 14.ноември
Warhammer 40,000: Mechanicus (PC) – 15.ноември
Underworld Ascendant (PC) – 15.ноември
Sand is the Soul – Steam Early Access (PC) – 15.ноември
Hellgate: London (PC) – 15.ноември
The Settlers History Collection (PC) – 15.ноември
Battlefield 5 Deluxe Edition (PC, PS4, Xbox One) – 15.ноември
Pokemon Let’s Go Pikachu and Let’s Go Eevee (Switch) – 16.ноември
Civilization 6 (Switch) – 16.ноември
Battlefield 5 (PC, PS4, Xbox One) – 20.ноември
Warframe (Switch) – 20.ноември
Squishies (PS VR) – 20.ноември
Experiment Gone Rogue – Steam Early Access (Rift, Vive) – 20.ноември
Battletech Flashpoint expansion (PC) – 27.ноември
Darksiders 3 (PC, PS4, Xbox One) – 27.ноември
Artifact (PC) – 28.ноември

Asterix & Obelix XXL 2 (PC, PS4, Xbox One, Switch) – 29.ноември
Edge of Eternity – Steam Early Access (PC) – 29.ноември
Haxor (PC) – 29.ноември
Fimbul (PC, PS4) – 29.ноември
NAIRI: Tower of Shirin (PC, Switch) – 29.ноември
Ride 3 (PC, PS4, Xbox One) – 30.ноември
ARK: Survival Evolved (Switch) – 30.ноември
Red Dead Online beta (PS4, Xbox One) – во ноември
Iris.Fall (PC) – во ноември
Cybarian: The Time Travelling Warrior (PC) – во ноември
Mars Chaos Menace (PC, PS4, Xbox One, Switch) – во ноември
This War of Mine Complete Edition (Switch) – во ноември
Marvel’s Spider-Man DLC 2: Turf Wars (PS4) – во ноември

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии