Како што неодамна ве известивме, вчера беше британскиот BAFTA настан кој има за цел да ги прослави неверојатните достигнувања во видео игрите. За импозантната награда и признание се напреваруваа многу игри низ бројни категории, но Hellblade: Senua’s Sacrifice успеја да победи во пет категории и да си отиде дома како ултимативниот шампион. Ова е играта за која авторите многу ризикуваа и во неколку наврати зборуваа како Hellblade е нивната последна шанса во гејмерската индустрија. Се работи за неверојатна игра, со уште поневеројатна и крајно храбра девојка која го најде нејзиното место и на нашата листа со најдобри игри со женски протагонисти.

За главната награда, односно за најдобрата игра, Hellblade стоеше раме-до-раме со Assassin’s Creed: Origins, What Remains of Edith Finch,  Horizon Zero Dawn, The Legend of Zelda: Breath of the Wild, и Super Mario Odyssey. Додека ние лично навиваме за Horizon Zero Dawn, пријатно бевме изненадени од победата на What Remains of Edith Finch. Оваа прекрасна и трогателна авантура не ја освои академијата со револуционерни гејмплеј механики туку со целосната презентација и успехот да се осмисли продукт кој целосно ги напага вашите сетила и ве вовлекува во универзумот како при прв поглед на планетариум.

Што се однесува до Fellowship победникот, односно лицето кое се истакнува како клучно за неверојатен допринос во филм, игра или телевизија, наградата отиде кај Тим Шејфр и, искрено, не би можеле да сме посреќни. Ова е човекот зад кој стои компанијата Double Fine Entertainment и апсолутно феноменалната Psychonauts, како и поеднакво екплозивните креативни наслови Brütal Legend, Stacking и The Cave.

„Тим Шејфр е вистински пионир кога се работи за дизајнирање игри, човек кој, со неговите извонредни таленти, постојано ги поместува границите на медиумот.“ изјави Аманда Бери, извршен директор на BAFTA. „Со кариера која се провлекува низ три децении и резиме богато со најразлични дела и едни од најпознатите и најсаканите авантури, оживеани благодарение на неговата способност за моќно прераскажување и препознатлив хумор. Чест ни е да му ја понудиме BAFTA Fellowship.“

Целата листа од победниците во најразличните категории е:

Уметничко достигнување – Hellblade: Senua’s Sacrifice – Ninja Theory Ltd/ Ninja Theory Ltd

Аудио достигнување – Hellblade: Senua’s Sacrifice – David Garcia Diaz – Ninja Theory Ltd/ Ninja Theory Ltd

Најдобра игра – What Remains of Edith Finch – Giant Sparrow/Annapurna Interactive

Британска игра – Hellblade: Senua’s Sacrifice – Ninja Theory Ltd/ Ninja Theory Ltd

Деби игра – Gorogoa – Jason Roberts, Buried Signal/Annapurna Interactive

Игра која постојано се развива и менува – Overwatch – Blizzard Entertainment/ Blizzard Entertainment

Семејна игра– Super Mario Odyssey – Nintendo EPD/Nintendo

Игра која нуди повеќе од забава – Hellblade: Senua’s Sacrifice – Ninja Theory Ltd/ Ninja Theory Ltd

Дизајн на игра – Super Mario Odyssey – Nintendo EPD/Nintendo

Иновација во игра – The Legend of Zelda: Breath of the Wild – Nintendo EPD/Nintendo

Игра за мобилен – Golf Clash – Paul Gouge, Alex Rigby, Gareth Jones – Playdemic/Playdemic

Мултиплеер – Divinity: Original Sin 2 – Larian Studios/ Larian Studios Games

Музика – Cuphead – StudioMDHR Entertainment Inc./StudioMDHR Entertainment Inc.

Приказна – Night in the Woods – Scott Benson, Alec Holowka, Bethany Hockenberry – InfiniteFall/ Finji

Оригинална сопственост – Horizon Zero Dawn – Guerrilla/Sony Interactive Entertainment Europe

Изведувач – Melina Juergens as Senua – Hellblade: Senua’s Sacrifice

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии