Кога Yahoo можеше да го купи Google

Дејан Соколоски

во Вести

На средината на 90-те интернет беше нов медиум и се појавија куп нови компании. Иако денес веројатно изгледа неверојатно, но Yahoo беше еден од најуспешните сајтови во овој период. Компанијата беше една од првите кои ги прифатија банерите на своите страници.

Во 1997 година основачите на Google Лери Пејџ и Сергеј Брин му го понудија „Pagerank“ алгоритамот за рангирање на резултати на Yahoo за 1 милион долари. Компанијата тогаш го одби бидејќи алгоритамот овозможувал брзо пребарување, а со тоа и корисниците ќе минувале малку време со банерите. Една година подоцна интернетот порасна, и на Yahoo му беше потребен пребарувач за рангирање на резултатите во директориумот. Во 1998 година компанијата го лиценцираше Google за 7 милиони долари годишно.

Во 2002 година Yahoo можеше да одбере да влезе во партнерство со Google за 5 милијарди долари. Сепак Yahoo тогаш сметаше дека Google чини 3 милијарди, а нивната компанија вредеше 5 милијарди. Наместо Google, Yahoo ги одбра Inktomi и Goto.com, оттогаш Google продолжи да расте, а Yahoo само доцнеше.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии