Кога патентите го напаѓаат Android, Google им се скара на Microsoft и Apple

Koга Microsoft и Apple, кои од секогаш се фаќаа за гуша, ќе започнат да легнуваат во ист кревет, тогаш започнувате да се запрашувате што се случува. Вака Google го започна својот блог пост во кој ги обвини двете софтверски компании, заедно со Oracle, за организирана кампања против Android.

Адвокатот на Google, Дејвид Друмонд вели дека над 550-те илјади Android телефони кои се активираат дневно се трн во око на Apple, Мicrosoft и Оracle, и затоа овие три компании започнале војна против мобилната платформа користејќи измислени патенти и наметнување лиценци на производителите на паметни телефони.

Според Google, Microsoft и Apple, заедно со Sony, Ericsson, RIM и други, ги купиле старите патенти на Novell и Nortel со цел Google да не стигне до нив. Google понудил 900 милиони за патенти од Nortel, но тие биле купени за „4,5 милијарди долари, што е пет пати повеќе од првичната проценка од 1 милијарда“. Овие патенти им овозможуваат на компаниите да наплаќаат 15 долари за лиценца за секој Android уред, што за прозводителите значи поголем трошок од, пример, лиценци за Windows Phone 7. HTC веќе плаќа на Microsoft, додека Samsung и Motorola се соочени со тужба за да почнат да исплаќаат лиценци.

Но, советникот на Microsoft, Бред Смит, веднаш одговори на обвинувањата со твит велејќи дека тие ги поканиле Google да се приклучи на групата која ги купила патентите од Novell. Google ја одбил понудата.

Според Друмонд, добра вест за Google е што американските власти започнале проверка на купувањето на патенти со цел да спречат монопол. Но, исто така тој најави Google ќе се обиде да си го зголеми своето портфолио со патенти со цел да си ја заштити платформата. Или пак да наплати или спречи друг да ги искористи „иновациите“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии