Кога да престанете да ги гледате популарните серии со When should i stop watching?

Дејан Соколоски

во Вести

Стигнавте до осмата сезона на Game of Thrones и почнува да ви досадува? Кога да престанете да гледате Braking Bad? When should i stop watching на Intersect Labs ќе ви даде одговор кога да престанете со омилените серии.

When should i stop watching има податоци за над 3000 серии и за секоја може да го видите рејтингот на епизодите. Една епизода со лош рејтинг не значи дека серијата наеднаш станала лоша, но ако трендот продолжи… Токму со ова треба да ни помогне WSISW, првиот тв-водич базиран на податоци.

Во „срцето“ на водичот е алгоритам развиен во Intersect Labs кој на гледачите ќе им покаже во која епизода серијата тргнува наопаку. Според овој алгоритам само 0.19 отсто од сериите се добри од прва до последна епизода. За среќа најголем дел од сериите се подносливи во 70 отсто од епизодите.

На пример најдобро време да престанете да ја гледате Game of Thrones, е пред почетокот на последната сезона. Веројатно главна причина за лошите рејтинзи се преголемите очекувања од серијата. Дополнително имаше преголеми очекувања и од фановите на книгата кои не знаеја кој на крајот ќе седне на „Железниот трон“.

Еве ја листата на најдобрите 10 серии според алгоритамот:

  • Pew News
  • Cosmos
  • Mr.Robot
  • Breaking Bad
  • Dare Devil
  • Wentworth
  • Dark
  • Peaky Blinders
  • Fawlty Towers
  • Better Call Saul

Секако тоа што некоја серија има супер рејтинг не значи дека ќе им се допаѓа на сите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии