Кога алгоритам креира концертна дворана

Новата концертна дворана Elbphilharmonie која се наоѓа во Хамбург, Германија е креирана со помош на алгоритам. Концертната дворана чини неверојатни 843 милиони долари, а официјално е отворена на 11 јануари, после 15 години работа.

Image Courtesy of Elbphilharmonie.de

Халата е дизајнирана од архитектите Herzog and De Meuron од Швајцарија. Дизајнерите користеа алгоритам за да креираат уникатна форма за 10.000 акустични панели. Овие панели се поставени во најголемата од трите сали кои се дел од двораната. Дизајнот на целата хала потсетува на корален гребен, вели Wired.

Целата хала изгледа футуристички. Од поставувањето на седиштата на различни платоа, до рачно изработените светилки. Алгоритмите овозможуваат секој од 10.000 акустични панели да се поврзува совршено со акустичните панели околу. Сите панели се направни ребрасто, а за иделана акустика се погрижи светски познатиот акустичар, Јасухиса Тојота од Кореја.

Image Courtesy of Elbphilharmonie.de

За креирањето на акустичните панели има куп услови кои требаше да се исполнат, па токму поради тоа беше клучно вклучувањето на алгоритам. Алгоритмот мораше да обезбеди естетски допадливи фрагменти, кои во пониските делови треба да бидат помазни за да не ги исечат посетителите. Дополнително секој дел мора да има определени акустички спецификации.

„Ова е моќта на параметарскиот дизајн. Кога ќе ги внесам сите параметри, притискам плеј и креира милиони ќелии базирани на овие параметри. Имам потполна контрола при сетирањето на алгоритмот, но потоа немам никаква контрола.“, вели г. Тојота.

Видеото од свеченото отворање на 11 јануари може да го проследите подолу. За среќа целото е снимено во 360 па освен во звукот може да уживате и во изгледот на новата сала.

4 коментари на “Кога алгоритам креира концертна дворана

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии