Кодот зад Google е долг 2 милијарди линии

Дали некојпат сте се запрашале колку е долг кодот на Google? Сопред Рејчел Потвин, инженер во Google околу 2 милијарди линии код и 86 терабајти простор за базата на податоци. Овој код е за сите сервиси на Google: пребарувачот, Google Maps, YouTube, Google Docs, Gmail, но и сите останати сервиси на пребарувачот. За споредба Microsoft Office околу 50 милиони линии код, вели Wired.

Целиот код е сместен на едно складиште од каде им е достапен на сите 25.000 инженери на Google. Ова складиште разбирливо им е достапно единствено на програмерите од Google. Системот им овозможува единствена можност на девелоперите да користат и да комбинираат код од различни проекти. Дополнително надградба во еден проект значи надградба во сите.

Инжинерите на Google секој ден прават 45.000 промени или 15 милиони милиони линии код во над 250.000 фајлови секоја недела. За повеќе податоци за Google и нивното складиште може да го погледнете говорот на Рејчел Потвин.

1 коментар на “Кодот зад Google е долг 2 милијарди линии

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии