Ко-основачот на Wikipedia повика на бојкот на друштвените мрежи

Лери Сангер, ко-основач на Wikipedia повика на 48 часовен бојкот на друштвените мрежи. Тој ги повика сите кои се незадоволни од односот друштвените мрежи на 4 и 5 јули да се воздржат од објави. Секако објави со кои се поддржува протестот се прифатливи и во овој период.

Главна причина за незадоволството е односот на друштвените мрежи со личните податоци на корисниците. Секако во идеални услови протестот ќе заврши со враќање на контролата врз податоците „во рацете“ на корисниците.

Тешко веројатно е дека еден протест во траење од два дена ќе ги убеди друштвените мрежи да се откажат од најголемиот извор на приходи.

Веројатно најголема придобивка од протестот ќе има ако доволно луѓе им покажат на друштвените мрежи дека претерале. Се разбира ако бројката е занемарлива друштвените мрежи едноставно ќе го игнорираат како и да не се случило ништо. Дури и да биде без голем одзив, веројатно и на друштвените мрежи им е јасно дека бројот на незадоволни корисници е се поголем.

Дополнително барање од овој протест е децентрализација на друштвените мрежи, и интеграција на сите друштевени мрежи. Ова би значело дека секој пост кој ќе биде достапен на пример на Facebook, ќе може да се гледа без дополнително споделување на сите друштвени мрежи.

„Вака друштвените мрежи требаше да бидат развиени од почеток, а не да бидат заградени во засебни мрежи кои се натпреваруваат помеѓу себе“, вели ф. Сангер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии