Knol: конкурент на Wikipedia

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Knol, новиот продукт на Google беше претставен пред два дена на официјалниот блог на компанијата. Knol е конкуренција на Wikipedia и им овозможува на корисниците да објавуваат авторски текстови на разни теми. Клучниот принцип на овој сервис е авторството на текстовите, кое досега недостасуваше на веб енциклопедијата Wikipedia. Исто така, текстовите не се само збир од информации, туку се обработени теми.

"Секој knol ќе има свој автор (или група на автори) кои ќе го постават нивното име позади секој текст. Тоа е нивниот knol, нивниот глас, нивното мислење. Очекуваме дека ќе има многу текстови на иста тема, и мислиме дека тоа е добро."

За разлика од Wikipedia, Knol нуди и можност за коментирање, рангирање и рецензирање на напишаниот текст од страна на читателите. Секој читател може додатно да му сугерира на авторот на текстот измени, кои авторот може да избере да ги прифати, одбие или модифицира пред да се појават онлајн. Интересно е и тоа што авторскиот текст може да содржи рекламни пораки од AdSense програмот на компанијата, а профитот од нив ќе биде споделен со авторот.

Секој корисник на Knol ќе може да употреби и по една цртана карикатура во својот текст од големата архива на карикатури на New Yorker магазинот. "Идејата позади оваа соработка е дека карикатурите се ефективен (и забавен) начин за да се објасни поентата, дури и на посериозните теми."

{mosimage}

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии