Клучните настани околу медиумите кои ја одбележаа 2016-та, според WSJ

Вообичано крајот на годината е оставен за рекапитулација и потсетување на настаните од минатата година. Оваа година не е исклучок и веќе може да разгледаме дел од најгледаните и најзначајните настани објавени на многу сајтови. Сепак кога медиумите се во прашање вестите на годината се во погрешни проценки и лажни вести, вели Wall Street Journal.

Видео содржината е преценета

Ужасната проценка на Facebook и придавање на преголемото значење на видео содржината ја отвори 2016 година. Видео содржините се преценети за дури 80 отсто, поради ова дури и најголемите медуми ја променија својата пракса за поголемо видео присуство. За жал метриката на Facebook беше погрешна.

Година на лажните вести (поздрав до Велес)

Секако оваа листа не може да помине без лажните вести. Лажните вести не му ја донесоа победата на Трамп, но грeшките на статистичарите и меурите на друштвените мрежи направија противниците да бараат виновници за ситуацијата. Лажните вести сепак се сериозен проблем, а доказ за ова се и напорите на Facebook и Google да ги детектираат и да го забават нивното ширење.

Недостиг на транспарентност

Голем број истраги поврзани со злоупотреба и местење на цени во бизнисот на онлајн маркетинг од страна на федералните власти во САД секако се дел од работите кои ја одбележаа 2016-та кога се дискутира на тема медиуми и маркетинг. Истраги поврзани со злоупотреба на позиција и анти-конкурентни практики се уште активни… Тука WSJ ги споменува и лошите практики на Facebook да споделува лажна статистика за успехот на рекламите објавени на платформата, и го дефинираат тоа како задача во која Facebook сам си ја оценува домашната задача…

Полова застапеност

Според WSJ, тренд во маркетингот е недостаток на барем приближна полова застапеност. Маркетингот повторно стана машки бизнис. Дел од компаниите како HP и General Mills прават напори да ја променат застапеноста на половите во оваа индустрија.

Почивај во мир, Gawker.com

Медиумската вест што ја одбележа 2016-та секако е и промената на сопственоста на Gawker Media, по судската одлука. Хулк Хоган го доби судскиот спор, а Gawker банкротираше. Подоцна дознавме дека Тери Болеа (Хулк Хиган) имал тајна поддршка од Питер Тиел.

Растот на Snapchat

Светот на друштвени мрежи го одбележa растот на Snapchat. Во период во кој изгледаше дека нема простор за нова друштвена мрежа, Snapchat успеа да се пробие. Платформата сега е една од најпосетуваните и најкористените. Неодамна се ребрендираа во Snap и започнаа да продаваат хардвер, очилата Spectacles.

За останатите теми и настани кои ја одбележаа 2016, посетете го Wall Street Journal.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии