Македонија! Македонија! Само ако сте на Google+ Hangout или сличен видео сервис, ќе може да се соберат луѓето за да пејат навивачки песни заедно, но за се останато друштвените мрежи се извор на информации и инспирации за се што се случува на Европското првенство во кошарка каде македонската репрезентација стана хит бидејќи без проблем ги „гази“ фаворитите.

За време на натпреварите на македонската репрезентација сите очи се свртени кон телевизорот, можеби и некој стрим на Интернет, за да се следат случувањата во живо. Радиото е следен медиум кој се следи, дури и на врв на Кораб за Меѓународното искачување по повод 8-ми септември се слушаше пренос од натпреварот против Финска.

Но, пред и после натпреварите целото внимание на корисниците се свртува кон Интернетот, поточно кон друштвените мрежи каде се споделуваат сите вести, сите забавни информации за македонскиот тим, пример, дека на насловната на nba.com се појави Перо Антиќ, а се споделуваат и сите шеги врзани со првенството. Го знаете новиот позивен број за Грција? +14.

Само преку викендов, за три дена, над 28.000 луѓе станаа фанови на Facebook групата „100.000 Фанови за Македонската Кошаркарска Репрезентација“. Интересно, официјалната фан страна на Македонската кошаркарска репрезентација има само 6.744 фанови. Секако ова е далеку од посакуванaта бројка и за двете фан страни, но се зависи од колку далеку ќе стигне кошаркарската репрезентација. Сега за сега, македонските кошаркари се вирален хит, a ќе бидат уште попопуларни ако успеат да ја победат Босна и Херцеговина во последниот натпревар од групите.

Целата еуфорија околу кошарката може да се види најубаво на Twitter. Сервисот за микро-блогирање во 140 карактери е јавен, па без врска дали имате профил или не, може да ги следите најновите информации. Twitter е исто така одличен и за споделување на информации во живо, па е доста интересно да се видат реакциите на фановите на секој кош, добра одиграна акција или грешка на кошаркарската репрезентација.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии