Од јануари 2011 година МАРНет ќе стане јавна установа преку која ќе се либерализира .мк доменот, и ќе се овозможи регистрирање на правни и на физички лица, најави МИО. За полесна регистрација, ќе се направи мрежа на компании ширум Македонија кои ќе го претставуваат МАРНет и ќе обезбедат полесна регистрација на .мк домените.

„.мк доменот ќе биде ставен слободно на пазарот, ќе има конкуренција и разлика на цена на .мк домен. Компаниите кои ќе ги продаваат домените заедно со МАРНет ќе ја утврдат провизијата по домените.“ рече ИТ заменик-министерката Мирјана Секуловска.

Подолу е аудио дел од пресот каде г. Секуловска ја објаснува либерализацијата и регистрацијата на домени од страна на физички лица.

MIO press – MARNet by ViktrArs

МАРНет и натаму ќе остане воден од универзитетите, 5 од 7 членови на Управниот одбор ќе бидат претставници од пет универзитети, еден од МИО и еден член од Министерството за образование. Активностите на МАРНет ќе бидат: поврзување на истражувачките и високо-образовните институции, како и интернационално поврзува до Интернет, воведување и правење анализи за нови сервиси, партнерство со други институции за креирање страгетии за ИТ развој, и секако ќе биде управувач на врниот Domain Name Сервис (DNS), односно .мк доменот.

Беа споменати и кириличните домени, но се чека прво МАРНет да се реализира за подоа да почне процедурата со ICAAN.

Г. Секуловска на страна од инфото за МАРНет најави дека следната година во Охрид ќе се одржи Интернационална конференција за безбедност, која ќе вклучи преставници од поголемите ИТ компании.

23 коментари на “Ќе се либерализира .мк доменот

  1. Мирјана Секуловска??? Мора да ја видите нејзината книга за Информатика, страва! Оу мај гад шо вика еден пријател погоре, кој дојде да решава за .мк домените. Туристички работници со докторати од менаџмент на информациски системи

  2. дечки урнек за правилно работење со домејни е црна гора. Ништо не е нивна инвестиција – напротив сите може да ги продаваат нивните домени и да се користат по светски правила. Незнам што е толку тешко да се направи копи / пасте на .ком правилата или некои загреани стари дртала во мкд гледаат како да направат пари и од тоа.
    Абе старци … ( немислам на никој од дискутантите ) фак офф и остајте не да пркниме малку од малку … А вие драги ИТ ком мк фак офф исто така со тоа кукањето за ИТ.МК ! не го заслужувате и претставувате доказ на раштиманоста на се кај нас… ама ете го имате доменот така да ќе ја искористам оваа прилика да ве отерам у к*** … пак!

  3. И така, си добивме уште една гломазна, скапа администрација …

    Да беше ова во приватни раце, немаше да има толку убава сала, со луксузни фотелји, ама можев да се обложам дека се' ќе функционираше на 1 јануари, со готов софтвер за онлајн регистрирање.

    А овие, едни паметни што се, трепкаат со очи, шармираат, па све знаат како треба, па ќе било тути-фрути … Само што сеуште мораш да пратиш писмо по пошта за да регистрираш домен. Ние, Авганистан и Папуа Нова Гвинеја.

    Но, како што велат: Кад је гроф био циција (са туѓим парама). Убава фирмичка им купивме ние, даночните обврзници.

    1. ICANN е непрофитна корпорација која што има дава моќ на Марнет (како што ФИФА дава на МФФ), а не владата на Македонија. Ако навистина сакаш нешто да промениш, исконтактирај ги ICANN и договори се да си најдат друг овој пат приватен претставник овде.

    2. Да се разбереме, немора да се приватизира, па да функционира.
      Само ќе наведам примери каде што е регистерот е во сопственост на државата: Норвешка, Грција, Албанија, Европска Унија, Хрватска и многу други кои ме мрзеше да ги барам.

  4. Господава од МАРНет/МИО му дале само наслов на проектот, и подолу напишале 3-4 реченици што мислат да прават.
    За детали дополнително ќе разгледуваат!!?

    ОК, ќе има некаков напредок во однос на регистрацијата, но…
    Мене не ми е толку битно од кого ќе го купам доменот, туку тоа сакам да го направам во најкраток можен рок (давам пари – и си бркам работа).
    Според кажувањата на госпоѓа Секуловска ова е само некој „ремикс на постојаната песна“.

    Ова е сликање за весници само, демек нешто работиме. Имаат и на кого да се угледаат (Иво И.).
    #MKfail … дај боже да грешам.

  5. Ако процедурата остани иста, ова ќе биде epic #mkfail. Модерно организирана установа која се занима во полето на ИТ и сеуште работи само со хартија.

    Кој фејл само ќе биде ова.

  6. Finally :) ,
    Браво за иницијативата, Браво за Министерката…
    Оваа е нешто што најмногу ме нервирало да фигурира трето лице.. да не речам скоро сите домени ги имаат две три компании како owner-и….
    Respect за либерализација.

  7. Конечно и кај нас. Ова одамна се чекаше на нашиов domain пазар.
    Доста веќе со тоа процедурите за правни лица, а најбитно е што во секој случај (дали лично или преку некоја компанија која нуди домени) ЈАС како физичко лице ќе фигурирам во регистарот, а не некое трето лице.

    Голем поздрав за оваа либерализација.

  8. Значи, само цената ќе биде различна, процедурата за регистрација пак останува иста… ајде да се надеваме дека ова е само прв од многуте чекори за конечно унапредување на процесот…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии