Кинеското роботско летало слета на далечната страна на Месечината

Дејан Соколоски

во Вести

Кинеското вселенско летало Chang’e-4 успешно слета на темната страна на месечината. Леталото робот слета на Jужниот пол – Ејткен басен.

Сондата е опремена со инструменти кои ќе овозможат анализа на геологијата на регионот, и биолошки експерименти. Лендерот е опремен и со ниско фреквентен радио-спектрометар специјално дизајниран за подалечната страна на месечината. Дополнително, дел од товарот е и роверот Yutu II. Yutu II е опремен и со панорамска камера која може да креира тридимензионални слики, пренесува NASA.

Ова е првпат во истражувањето на вселената Кина да направи нешто што претходно не е направено, вели астрономот Ји Кванжи од Калтек за BBC, мислејќи притоа на успешно слетување на подалечната страна на Месечината.

Сондата ќе го истражува во кратерот „Von Kármán“ креиран од огромен удар во раната историја на Месечината. Кратерот со длабочина од 13 километри и ширина од 186 километри е еден од најголемите во сончевиот систем и најголем на Месечината.

Image courtesy of CNSA

 

Image courtesy of CNSA

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии