Кинеските власти продолжуваат со истрагата на компаниите на Џек Ма

во Свет

Најголемата финтек компанија во светот Ant Group Co, основана од Џек Ма, ќе мора да го реконструира својот бизнис. Промените во работата на компанијата ги налагаат властите во Кина кои сметаат дека компанијата е преголема.

Ant Group мора да го запре влијанието кое технологијата го има врз финансиските сервиси за да ја ограничи опасноста од финансиски ризици. Истрагата покажала дека компанијата не ги исполнува законските обврски и се однесува како монопол. Поради ова излегоа со сет на мерки кои Ant мора да ги исполни, пренесе South China Morning Post.

„Ги цениме насоките и помошта од финансискиот регулатор. Ова објаснување е можност за Ant Group да ја зајакне својата основа, за нашиот бизнис да може да расте со целосно почитување на законите, и да продолжиме да се фокусираме на иновацијата за социјално добро, и за поддршка на малите компании“, велат од Ant Group.

Компанијата започна како платежна гранка за Alibaba. Набрзо порасна и започна да нуди нови услуги: како осигурување или инвестиции за своите корисници. Основачот на Alibaba, Џек Ма, е еден од основачите и на Ant Group, AliBaba има 33 отсто удел во Ant Group.

Ant мора да се врати кон своите корени на плаќањата преку Интернет, и да забрани неправилна конкуренција; да ја заштити приватноста на клиентите при работењето со својот бизнис со личен кредитен рејтинг; да основа финансиска холдинг компанија за управување со своите деловни активности; да ги отстрани сите неправилности во осигурувањето, управувањето со богатството и кредитните бизниси; и да го води својот бизнис со хартии од вредност поддржан од средства во согласност со прописите, вели заменик гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг.

Ant Group е финансискиот оддел на Alibaba Group Holding. Е-комерц гигантот Alibaba е под истрага и му се заканува максимална казна од 10 отсто од годишната заработка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments