Кинеските технички компании донираат милиони во борба со коронавирусот

Дејан Соколоски

во Вести

КинBaidu, Meituan, Alibaba, Qihoo 360 и Good Doctor се дел од компаниите кои инвестираа средства и техника за изнаоѓање на решение за корона-вирусот.

Компании кои се речиси и непознати во овој дел на светот како Qihoo 360 донираа медицински средства со вредност од 2 милиони долари. Компанијата чии фокус е вештачката интелигенција iFlyTek донираше 1,4 милиони долари и опрема вредна 72 000 долари.

Но тоа се помали компании, гигантот Baidu креираше фонд вреден 300 милиони јуани (43 милиони долари). Средствата од фондот се наменети за поддршка на развојот на скрининг и откривање на лек за болести. Овој фонд не е ограничен само на оваа епидемија, туку ќе се користи и во иднина. Дел од овие средства се за развој на јавното здравје и за ширење на информациите за здравствена безбедност. Веројатно од поголема важност е технологијата која Baidu ќе ја обезбеди како поддршка на истражувачите.

Meituan донира 28 милиони долари како поддршка за медицинските служби. Главно фокусирано на градот Вухан каде е центарот на епидемијата.

Alibaba пак ја отвори својата здравствена дивизија Alibaba Health за прегледи на далечина за жителите на Вухан, пренесе South China Morning Post.

Досега се регистрирани и потврдени 2886 случаи на вирусот. Најголем дел од заболените се во Кина, но веќе има заболени и во САД, Јужна Кореја, Франција, Канада, Австралија…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии