Кинескиот Tencent го купи креаторот на League of Legends

Riot Games, креаторот на една од најпопуларните видеоигри, League of Legends, сега има нов сопственик. Кинескиот Tencent го купи студиото, иако без најава што ќе се случува со играта која има над 26 милиони играчи. Клучното прашање е дали ќе има промени кога монетизација е во прашање, иако не би требало да се очекува промена со оглед на тоа дека истата компанија и досега беше мнозински сопственик. Tencent, пак, е единствената компанија која има право да ја дистрибуира играта во Кина. Riot Games од претходно најави големи промени за 2016 година, иако засега не се објавени во целост.

League of Legends е една од најпопуларните онлајн игри, која заедно со конкурентот Dota 2, успева да го турка е-спортот кон досега рекордни наградни фондови и рекордна публика.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии