Кинескиот гигант Baidu ќе ја отвори својата платформа за нови партнери

Дејан Соколоски

во Свет

Еден од најголемите азиски технолошки гиганти, барем кога автономните возила се во прашање, Baidu, наскоро ќе ја рашири тест програмата. Компанијата заедно со Ford инвестираше во LIDAR компанијата Velodyne, но сега се подготвени за поголеми партнерства.

Колку поголеми? Baidu објави дека во целост ќе ја отвори својата платформа. Ова не само што ќе им помогне на партнерите побрзо да развијат сопствени автономни возила, туку Baidu се надева дека ќе им помогне во развојот на технологијата. Project Apollo ќе ги отвори: кодот за препознавење пречки; планирање на патеката; управување на возилото и оперативниот систем на возилото.

Отворањето на програмата ќе започне во контролирана средина, во јули. Потоа компанијата ќе додава повеќе код. На крај, во 2020 година, целиот софтвер на автономните возила ќе биде со отворен код, јави Business Insider.

„Компанијата ќе иницира и партнерства, а соработката ќе обезбеди најкомпатибилни возила, сензори и други компоненти. Ова ќе овозможи поширока партиципација и соработка, но и обезбедување на насоки и препораки за учесниците во овој брзорастечки екосистем. Ова дополнително ќе ја намали бариерата за влез и развој за истражувањето на автономни возила. Тоа ќе овозможи пристап до пошироката јавност, што значително ќе ја забрза и иновацијата“, вели Baidu.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии