Кинескиот гигант Alibaba руши рекорди, 1.48 милијарди трансакции за еден ден

Дејан Соколоски

во feature, Свет

Кинеската компанија, пандан на Amazon, Alibaba во само само еден ден продаде производи во износ од 25.3 милијарди долари. Ова е нов рекорд и е 32 отстотен раст во одност на минатата година.

Рекордите се поставени на 11 ноември, позант како Ден на самци. Кога продажбите се во прашање, овој ден е споредлив со „Black Friday“. Сепак продажбите во Кина се луди. Продажбата на Денот на самци е двојно повисока од комбиниранта продажба на „Black Friday“ и „Cyber Monday“. За само 24 часа, Alibaba изврши 1.48 милијарди трансакции, пренесе TechCrunch.

Парите од овие продажби не се директна заработка за Alibaba. Компанијата заработува провизија од секоја продажба, малечок процент од трансферот.

Секако „празникот“ доаѓа со куп поволности и големи попусти. Денот на самците е нов „празник“ кој започна пред околу 10 години.

Свој придонес во рекордот, освен поголемиот интерес за онлајн продажбата имаше и растот на кинеската валута во однос на доларот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии