Кинески конзорциум ја купи Opera за 600 милиони долари

Image courtesy of Opera/Facebook

Откако пропадна договорот за целосно откупување од 1,2 милијарди долари, норвешкиот прелистувач Opera сепак се договори да продаде четвртина од компанијата за 600 милиони на кинески конзорциум воден од Qihoo 360.

Opera ќе го продаде своето име и бренд, нивниот десктоп и мобилен прелистувач, вториот кој е далеку попопуларен, како и апликациите за перформанси и приватност, лиценци за користење технологии како Opera TV и ќе ги отстапи 29-те отсто сопственост во кинескиот JV nHorizon. Тоа што ќе ѝ остане на Opera се Opera Mediaworks, Opera Apps и Games и ќе задржи 560 вработени од вкупно 1.700. Компанијата ќе има 18 месеци да најде ново име и да се ребрендира.

Како што пишува TechCrunch, Оpera со задоволство го продава бизнисот бидејќи со години претходно бараа начин како да излезат од пазарот на прелистувачи, каде со само 1,9 отсто не успеаја да им конкурираат на Google Chrome, Microsoft IE, Mozilla Firefox и Apple Safari. Но, Opera има 10 отсто на мобилниот пазар поради одличен мобилен прелистувач, иако никогаш не успеаја да се договорат со некој производител на телефони да го интегрираат во некој оперативен систем. Opera вели дека е задоволна од зделката бидејќи од трите преостанати бизниси прави по 600 милиони годишно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии