Кинеската војска се крие зад сајбер нападите врз САД

Кина сепак стои зад сајбер нападите во САД, тврди безбедносната компанија Mandiant кој објави документи во кој покажува дека Кина ја зајакнува својата сајбер „војска“.

Mandiant ја следи групата APT1 која од 2006 година е „заслужна“ за стотина терабајти податоци украдени од најмалку 141 организација, од 20 различни индустрии. APT1 е Втор оддел на Народната ослободителна армија и е „сив, таен оддел“ на Кинеската војска, познат како „Единица 61398“. Задолженијата на единицата се државна тајна, но Mandiant се сомнева дека станува збор за злонамерни сајбер операции.

АPТ, или позната како „Шангајската група“, e посочена и како виновник за нападите во повеќе индустрии во држави во кои се говори Англиски јазик, а групата ја сочинуваат десетици па дури и стотина членови, експерти во компјутерска безбедност и мрежи, кои своите напади ги вршат од IP-адреси лоцирани во Шангај. Според извештајот, нападите на APT започнуваат од токму оваа зграда која е „опкружена со ресторани, салони за масажи и продавници за вино“.

Оваа видео е наводно од кинеските хакери на дело.

[youtube]6p7FqSav6Ho[/youtube]

Кинеските власти го негираат нападот, потсетувајќи дека сајбер нападите во Кина се во спортивност со законот, но и дека Кина и самата е жртва на овие напади. Но, според директорот на Mandiant, Кевин Мандиа, ова е несватливо.

„Или нападите доаѓаат внатре од Единицата 61398, или луѓето кои ги оддржуваат најконтролираните, нај-набљувуваните интернет мрежи во светот се несвесни за илјадниците луѓе кои генерираат напади од едно нивно соседство.“, вели г. Мандиа.

Во меѓувреме администрацијата на Обама започна посериозно да го разгледа прашањето на сајбер безбедноста. Според најавите тоа може да се случи веќе на следната средба меѓу кинеските и американските власти, на која претседателот Обама ќе ги предупреди кинеските власти дека обемот и природата на нападите почнуваат сериозно да им штетат на односите помеѓу двете држави пишува  NY Times.

Целосниот извештај на Mandiant можете да го погледнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии