Кинеската графичка картичка Big Island подготвена за масовно производство

Популарноста и вредноста на криптовалутите предизвикуваат недостаток на хардвер на пазарот. Ова најмногу се однесува на графичките картички кои исклучително тешко се наоѓаат. Влезот на кинескиот производител Tianshu Intellectual Semiconductor Co. би можел да го промени ова во иднина.

Графичката картичка Big Island е во развој четири години, а веќе е подготвена за масовно производство. Картичката е произведена со TSMC 7nm FinFET процес. Засега нема податоци и тестови со исклучок на оние кои ги сподели производителот. Big Island (BI) може да достигне 147 TFLOPS на FP16 и може да достигне двапати подобри перформанси од мејнстрим конкурентите, со помала потрошувачка на електрична енергија, вели Tianshu Zhixin.

Според најавата Big Island е оптимизирана за ентерпрајз апликации, како и за вештачка интелигенција, а не за стандардна десктоп употреба или гејминг. Графичката картичка е финализирана во 2020, но поради недостатокот на компоненти масовното производство е во застој.

Big Island е развиена за Кина да не мора постојано да увезува графички картички и да зависи од увоз за развој на своите суперкомпјутери. Засега е непознато дали Big Island ќе се појави во продажба на други пазари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии