Kинеска компанија искористи рани фотографии од iPhone 5 да го ископира и патентира дизајнот

Виктор Дано

во Мобилни, Свет

GizChine пишува дека кинески производител објави телефон GooPhone i5 кој е копија на iPhone 5 направена според сите рани фотографии кои се појавија за телефонот на Аpple.

GooPhone ќе се појави на пазарот пред Apple, а поднесен е и патент за дизајнот на уредот во Кина и, што е неверојатно, компанијата ќе го тужи Apple кога iPhone ќе се појави во Кина за прекршување на патенти! Сигурно Samsung се кае што не му текна ова прво нему, пред да биде казнет со милијарда долари.

Инаку, GooPhone работи на 1,4 GHz Nvidia Tegra 3 процесор со четири јадра, 1 GB RAM, 8 мегапиксели камера, Аndroid 4.0 Ice Cream Sandwcih и, за да се долови iPhone, има вградено iOS тема.

[youtube]AdfJCDdQuzE[/youtube]

1 коментар на “Kинеска компанија искористи рани фотографии од iPhone 5 да го ископира и патентира дизајнот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии