Kinect ќе покажува реклами според емоциите на играчите

Пред неколку месеци Microsoft  најави дека ќе се обидат да го искористат Kinect за „читање“ на емоциите на играчите кои конзолата ги открива преку изразите на лицето кој потоа се толкуваат од софистициран софтвер. Целта е да се искористи Kinect за подобро рекламирање, ни открива патентот кој е одобрен минатата недела.

Според патентот, уредот ќе ја зачува регистрираната состојба и ќе ја прикаже избраната реклама за оваа емотивна состојба. Иако не е целосно објаснето можеби секој корисник ќе биде обработен  посебно и ќе бидат зачуван нивниот избор на производи. Понудените производи би требало да бидат избрани врз основа на содржините кои сте ги пребарувале или посета на страни, заедно со емоциите и говорот на телото. Така во иднина на задоволните корисници нема да им бидат презентирани реклами за производи за намалување на телесната тежина, но можеби ќе им пристигаат повеќе реклами на пример за пиво.

„Огласувачкиот енџин ќе одбере реклами кои се емоционално компатибилни со зададената емоционалната состојба на корисникот. Огласувачите кои ќе можат да таргетираат емоции можат да ја зголемат френкфенцијата на прикажување на рекламите што се содветни со емоциите на корисниците.“, се вели во патентот.

Една од работите кои не ми се премногу привлечни е постоењето на бази на податоци за корисниците, кои содржат многу повеќе од потребните информации. Ако размислите поубаво Microsoft буквално ќе има камера во вашата дневна соба преку која ќе ве набљудува.

[youtube]T_QLguHvACs[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии