Kindle Oasis е нов таблет за љубителите на книги

Дејан Соколоски

во Хардвер

Image courtesy of Amazon

Најверојатно не е никаква тајна дека кога се во прашање таблетите за читање, Kindle на Amazon е пред конкуренцијата. Ова главно се должи на огромната бибилиотека на Amazon, но и компанијата постојано го надградува уредот.

Десет години по почетокот на продажбата на првиот Kindle, Amazon ја претстави надградбата на Kindle Oasis.

Kindle Oasis е најновата верзија на таблетот кој доаѓа со e-ink дисплеј и единствената намена му е за читање. Најголемиот недостаток на таблетот му е превисоката цена. За 250 долари можеби е прескап и за најголемите љубители на книгите. Поради ова Standard го нарече уредот најдобар Kindle, со проблематична цена.

Уредот доаѓа со огромна батерија, 7-инчен екран и е водоотпорен. Cопствениците на Oasis на својот уред може да слушаат и аудио книги. За разлика од претходната верзија на Oasis на која можеше да се додаде поголема батерија, во новата верзија оваа батерија е интегрирана во уредот.

Екранот на Oasis сега е заштитен со поцврсто стакло, најсцврсто, досега велат од Amazon. Дополнително, со 300ppi ова е и еден од најдобрите, ако не и најдобар e-ink дисплеј. Единствениот проблем е превисоката цена. Ако на корисникот баш и не му се неопходни, водотпорноста и аудио книгите, Kindle Paperwhite чини 120 долари,