Кина сака да ја зајакне контролата врз Интернетот

Новотo кинеско раководство планира да ја зајакне контролата врз интернетот иако државата веќе има огромно влијание врз глобалната мрежа и во моментов. Целта на новите мерки е да го обезбедат спроведувањето на правилото за едно партиско владеење на Комунистичката pартија на Кина откако станува јасно дека Интернет и друштвените мрежи се силно оружје во рацете на критичарите на власта и граѓаните, јавува Time World.

Барањето поднесено од новите лидери на партијата и новиот лидер на Кина, Кси Џинпинг, е за укинување на анонимноста на Интернет. Наместо анонимноста се предлага сите корисници во Кина да ги користат своите имиња при регистрација. Ова ќе го намали влијанието на Интернет како платформа на која граѓаните можат да ги критикуваат или да се пожалат на злоупотребите на власта во Кина, но и ќе овозможи да бидат познати корисниците чии постови водат до паника, еден таков пример е веста која се рашири за хаварија во хемиска фабрика, неточната вест доведе до смрт на четири Кинези кој возејќи пребрзо доживеале несреќа.

Сепак сите не се согласуваат со овие барања, група од 70 еминентни кинески сколари и адвокати започна петиција, во која потсетуваат на улогата на интернет како отворен форум на кој владее слобода на фоворот: Со петицијата групата бара и независно судство и поттикнување на приватниот капитал.

Обидите да се задржат граѓаните неинформирани се зајакнати откако владејачката гарнитура, која се претставува како бранител на сиромашните и обесправените ги доживеа првите „шлаканици“ од Bloomberg, кој тврдат дека фамилијата на г.Џинпинг „заработила“ 376 милиони долари, по ова следеше филтрирање на Bloomberg. New York Times ја доживеа истата судбина откако објави дека роднините на премиерот Вен Џиабао (Wen Jiabao) се збогатиле за 2,7 милјарди долари.

Оправдување за Комунистичката партија е дека статиите биле злонамерни, но граѓаните сепак ги посетуваат страните кои се филтрирани/забранети од властите. Снаодливите Кинези користат софтвер за енкрипција VPN, кој го користат и компаниите за испраќање на финансиските податоци. Поради ова Кина се обидува да го блокира и енкриптираниот сообраќа.

Ставот на Кина не изненадува, бидејќи покрај економската либерализација државата подолго време одбива политичка либерализација. На годинешната TCU во Дубаи беа едни од промоторите и потписниците на договорт за цензура и регулација на интернет. Покрај ова државата има 500 милиони корисници, а дневно брише по над 100 милиони постови и останати содржини кои се поставуваат на Интернет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии