Кина го киднапирала Интернетот за цели 18 минути?

Преусмерениот сообраќај содржел имејл и веб сообраќај, а дел и од трафикот на веб сајтовите на американскиот Сенат, армија и NASA, како и сообраќај на големи ИТ компании како Dell, IBM и Microsoft. Но, сепак, според извештајот, нема докази кои покажуваат дали е ова намерно направен инцидент и „за кои цели“.

„Ова е едното од најголеми – ако не и најголемото киднапирања – што сме ги виделе. И може да се случи повторно, било каде и било кога. Така работи Интернетот. Но што се случило со сообраќајот додека бил во Кина? Никој не знае.“ вели Дмитри Алперович, безбедносен експерт на McAfee за американскиот магазин National Defence.

Кинескиот телеком пратил машина-кон-машина пораки кон другите светски телеком гиганти велејќи дека Кина ги има најбрзиот и најефикасниот начин за пренесување на дата пакети. Бидејќи машините работат на „доверба“ на 8 април за околу 18 минути голем дел од интернет провајдерите го усмериле сообраќајот кон Кина. Кина го препратила сообраќајот каде што треба во самиот момент „без поголеми прекини, што е неверојатно.“ вели г. Алперович.

3 коментари на “Кина го киднапирала Интернетот за цели 18 минути?

  1. Кина е идната светска суперсила, а зад неа по неколку години ќе бидат и Бразил, Русија, Индија, Турција и Иран.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии