Кина го хакнува САД уште од 2002, oткрива Cablegate

До сега немаше јавни обвинувања, бидејќи е тешко да се идентификува кој го извршил хакерскиот упад. Но според американските дипломати во Пекинг тие имале контакт со неидентификувано лице од кинеското Политичко биро кое им открило дека се работи за координирана кампања.

„Хакнувањето на Google e дел од координирана кампања на компјутерска саботажа извршена од владини оперативци, приватни безбедносни експерти и интернет криминалци регрутирани од Кинеската влада. Тие ги имаат пробиено компјутерите на американската влада и тие на западните сојузници, на Далеј Лама и на американските бизниси уште од 2002 година.“, се вели во доверливиот дипломатски документ кој е цитиран од New York Times, и не е се уште објавен на сајтот на Wikileaks.