Кина ги забрани iPhone 6s, 6s Plus, 7, 7 Plus, iPhone 8, 8 Plus и iPhone X

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Кинескиот суд донесе одлука дека iPhone нарушува патенти во сопственост на Qualcomm. Поради ова најголем дел на телефоните од Apple се забранети за продажба. Сите телефони од iPhone 6S со исклучок на најновите се забранети за продажба. Ова ги опфаќа iPhone 6s, 6s Plus, 7, 7 Plus, iPhone 8, 8 Plus и iPhone X.

Одлуката на судот се однесува единствено на продажба на кинескиот пазар. Apple може и понатаму да произведува и да извезува телефони од Кина.

Патентите кои се заштитени од Qualcomm се однесуваат на начинот на кој телефонот ги менаџира апликациите и на начинот на кој корисникот ги прилагодува и реформатира сликите.

Qualcomm и Apple речиси цела 2018 година се тужат. Qualcomm ги обвинува за користење на заштитена технологија, Apple за кршење на договори. Двете компании не се во преговори да ги затворат случаите вон судот, пренесе Axios.

Реакцијата на Apple пристигна речиси веднаш. Компанијата најави дека ќе ја обжали одлуката.

„Напорите на Qualcomm да ги забрани нашите производи се уште еден очајнички обид од компанија чија илегална пракса е под истрага низ целиот свет. Сите iPhone телефони ќе останат достапни за нашите корисници во Кина. Станува збор за три патенти кои Qualcomm не ги спомнал досега, а еден е веќе отфрлен. Продолжуваме со битката во судовите“, вели претставник на Apple.

„Apple продолжува да ја користи нашата интелектуална сопственост, истовремено одбивајќи да исплати компензација“, одговори претставникот на Qualcomm.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии