Ким Дотком ќе го спаси интернетот?

Контроверзниот основач на Megaupload, Ким Дотком, ќе го спасува интернетот. Г. Дотком преку Twitter предупреди дека нарушувањето на интернет неутралноста само ќе го забрза растот на неговата мрежа.

Ким Дотком работи на алтернатива на интернет. MegaNet, како што ја нарекува мрежата, ќе овозможи вистинска интернет слобода, пренесува IBTimes. Мрежата е во најава за стартување уште од јануари 2016 година, но и по две години не е стартувана и не знаеме премногу податоци за истата.

Од она што е познато, MegaNet ќе биде интернет без IP адреси. Наместо ова, ќе постои дистрибуиран запис – брза верзија на „blockchain“. Мрежата ќе биде созададена од паметните телефони, но на лансирањето ќе има и други уреди, вели Torrent Freak.

„На ова работам долго време. Мобилните мрежи и уредите ќе бидат подготвени за 4 до 5 години. Кога ќе биде лансирана мрежата, сонот за интернет слобода ќе биде реалност. K.in и Bitcache апликациите ќе овозможат почетна критична маса за оваа мрежа“, вели г. Дотком.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии