Killing Floor 2 ви дозволува бескрајни пресметки со новиот Endless Mode

Killing Floor 2 е излезена веќе неколку години, но надополнувањата за оваа ко-оп пукачка игра и понатаму се со ист интензитет.

Killing Floor 2: Infinite Onslaught е надополнување кое ќе ви дозволи да се втурнете во бескрајни пресметки со надалеку симпатичните зомби-чудовишта.

„Предизвикајте ги неуморните бранови од Зед кои стануваат попредизвикувачки со секој нареден бран, а The Patriarch ја презема улогата на The Trader,“ објаснуваат на официјалниот сајт на Tripwire Interactive.

Покрај новиот Endless Mode, играчите добиваат и три нови оружја, како MAC-10 SMG, Husk и AF2011-A1 пиштол. Оние кои носталгично се потсетуваат на првата игра, конечно ќе можат да играат како D.A.R. или domestic assistant robot. На располагање имате и две нови мапи, едната од нив (Powercore) е дизајнирана од заедницата. Другата мапа се вика DieSector.

За дополнителна разноликост и предизвици, тимот нуди и нови козметички работи, кутии со плен, достигнувања и скинови за оружја.

Последен пат кога ја игравме Killing Floor 2 бевме презадоволни од одличната оптимизација и недостаток од багови. Со оваа надополнување, тимот ветува дека играта е уште подобра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии