Киднапирање на iPhone преку СМС порака

{mosimage}(Аpple објави закрпа за овој проблем на iPhone. Линк до закрпата ќе го најдете на крај на веста).

Безбедносните експерти открија начин како да превземат целосна контрола врз iPhone само преку испраќање на специјална SMS порака. Овој хак е демонстриран на Black Hat безбедносната конференција, абезбедносните експерти кои го обелоденија проблемот се Колин Мулинер и Чарли Милер кој е познат по хакнувањето на Apple Mac за само 2 минути.

Доколку добиете СМС порака со едно квадратче, тоа може да ви биде како предупредување. После таа порака, хакерот ќе ја има контролата врз вашиот телефон, ќе може да врти, посетува веб страни, да ја вклучува камерата и микрофонот и да праќа уште такви пораки.

{mosimage}

„Ова е сериозно. Единственото нешто што може да
направите е да го изгасите телефонот. Некој може многу бргу да превземе контрола врз сите iPhone телефони во светот“ рече г-дин. Милер.

Во светот има продадено околу 5 милиони iPhone во 2009 година, a 13.6 милиони во 2008.

Чарли Милер, инаку, е првиот човек кој превзел контрола врз iPhone преку прелистувач, но тогаш требал да ги прелаже корисниците на телефонот да посетат лажна веб страна за да симнат малициозен софтвер. Овојпат се работи само со испраќање на СМС порака која го содржи „смртоносното“ квадратче што е всушнот серија на брзо испратени невидливи СМС пораки кој го киднапираат iPhone преку мемориски баг.

Нормално, кога експертите ќе најдат критични грешки тие првин ги информираат компаниите и производителите пред да ги објават и покажат истите на конференции како Black Hat. Но Аpple се уште не објави закрпа на телефонот, иако г-дин. Милер ги има контактирано за грешката пред месец дена.

Надополнето: 03.08.2009: Закрпата за овој проблем со iPhone.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии