Студентите и посетителите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) имаа чест да слушнат предавања од наградуваниот научник Кевин Варвик. Професорот од Универзитетот од Ридинг е истакнат во светот по своите истражување во полето на кибернетиката и роботиката, но можеби е најпознат по тоа што инсталираше чип во својата лева рака со цел да стане киборг. Ова му го донесе и прекарот „Капетан Киборг“.

Документиран и интервјуиран од Discovery, National Geographic, BBC и куп други светски медиуми и научни списанија, професорот Варвик се обрати и на македонските студенти и посетители повикувајќи ги да се вклучат во „проектот Киборг“ и да се обидат да имплементираат чип, секако со внимание и етичка дозвола, со цел да ги продолжат истражувањата во полето на кибернетиката.

Според него, покрај бројни примери за како човекот може да се подоби самиот инсталирајќи чипови кои ќе функционираат како сензори, пример инсталирање на магнети на прсти за да се чувстува топлината на другите, проект кој може да послужи за војската, сепак кибернетиката најмногу може да послужи во медицината. Низ свето веќе е започнатата практиката да им се вградува RFID чип на диебетичарите што во случај да мора да одат во болница, ќе биде потребно само едно скенирање за да се дознае кој лек им е препишан.

Бидејќи нема видео од предавањето, најдовме едно на YouTube кое е слично со тоа што професор Варвик го предаваше и на ФЕИТ. Второто видео е извадок од документарец.

1 коментар на “Киборгот Кевин Варвик одржа предавање на ФЕИТ

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии