Khronos Group ја претстави следната генерација на OpenGL, се вика Vulkan

Khronos Group ја претстави конкуренцијата на DirectX 12, API-то кое доаѓа под името Vulkan. Доколку не го препознавте Vulkan, тогаш секако се сeќавате на OpenGL. Vulkan е преименување на Next Generation OpenGL или GLnext.

Новото API според највите ќе им овозможи на развивачите поголема контрола при генерирањето на команди, менаџмент со меморијата и „threads“. До сега најголем дел од ова беше оставен на драјверите, а промената ќе озможи намалување на оптоварувањето на драјверот, вели Ars Technica.

Тоа што го одделува Vulkan од конкуренцијата е што ќе биде достапен за сите уреди и оперативни системи. За разлика од него конкурентите функционираат едниствено на еден, DirectX 12 на Windows, Metal на Apple за iOS и Mantle единствено за AMD графички картички. Покрај ова Vulkan може да се користи и за мобилните платформи.

Промените кои доаѓаат со Vulkan ќе овозможат и промени во шејдерите, што ќе овозможи кодирање во intermediate код, што ќе им овозможи на драјверите директно процесирање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии