Кевин Роуз ја претстави својата „мала“ идеја за нова блог платформа

Tiny е нов проект на инвеститорот и основачот на Digg, Кевин Роуз, кој треба да биде платформа за блогирање каде публиката ќе може да ја види работната околина на авторот преку веб камера. Видеото е пикселизирано за да се заштити приватноста, но и поради иновативната идеја да и се покаже на публиката како авторот го пишува делото во реално време. Видеото зад текстот е овозможено со HTML5 и JavaScript, што значи дека нема потреба да се инсталира Flash или друг додаток. Но, според г. Роуз, ова не е конечен продукт, туку само идеја на која работи задно со дизајнерот на Youtube, Марк Хамеон, и основачот на Synack, Бјорн Зинсмастер.

„Знам дека позадина која се движи може да биде проблем“, вели тој. „Но, темата која ми се допаѓа е што е открива околината на блогерот. Не верувам дека ова ќе има смисла за големи корпоративни блогови, но е забавен модерен начин кој не враќа во деновите на личното блогирање, како што беше LiveJournal и други“.

[youtube]N6UW0JY5PUs[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии