Ќе можете ли да ја играте Star Wars Jedi: Fallen Order?

Неколку години како се бара соло Star Wars игра. ЕА конечно реши да ги испочитува желбите на повеќето фанови и да понуди игра која ќе биде лишена од микро трансакции и целосно ќе се фокусира на приказната за еден играч. Но, дали имате доволно моќен компјутер за да ја играте Star Wars Jedi: Fallen Order?

Според најновите податоци, Star Wars Jedi: Fallen Order ќе може да се игра во графички осиромашена околина доколку имате барем i3-3220 процесор, 8GB RAM и GeForce GTX 650. Како за минимална побарувачка, би можеле да помислите дека и не е толку страшно. Но, мал е делот од гејмерите кои можат вистински да уживаат во графика сведена на low и многумина тежнеат да ги прилагодат нивните поставки повеќе накај high. И тука наидуваме на проблем.

За максимално графичко уживање во чедото на Respawn Entertainment потребно ви е да имате процесор i7-6700K, GTX 1070 и неверојатни 32GB RAM. Ова е исклучително ретка ситуација каде забележуваме дека некоја игра не може да се задоволи ни со 16GB RAM и дека ѝ треба двојно повеќе за да може да се впива во целата нејзина слава. Наше мислење е дека играта, која е заснована на Unreal Engine, нема графички да ве разочара, дури и да имате 16GB RAM. Но, би можело да ги насочи вашите мисли кон можна надградба, особено пред 15 ноември, за кое е предвидено излегувањето.

МИНИМАЛНА ПОБАРУВАЧКА
OS: 64-bit Windows 7/8.1/10
Процесор (AMD): FX-6100
Процесор(Intel): i3-3220
Меморија: 8 GB
Графичка карта (AMD): Radeon HD 7750
Графичка карта (NVIDIA): GeForce GTX 650
DirectX: 11
Простор на Хард диск: 55 GB

ПРЕПОРАЧАНА ПОБАРУВАЧКА
OS: 64-bit Windows 7/8.1/10
Процесор (AMD): Ryzen 7 1700
Процесор (Intel): i7-6700K
Моморија: 32 GB
Графичка карта (AMD): RX Vega 56
Графичка карта (NVIDIA): GTX 1070
DirectX: 11
Простор на Хард диск: 55 GB

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии