Ќе можете ли да ја играте Detroit: Become Human на PC?

Detroit: Become Human е PS4 ексклузивен хит на студиото Quantic Dream (Fahrenheit, Beyond: Two Souls, и Heavy Rain). Beyond: Two Souls и Heavy Rain повеќе не се PS4 ексклузиви и пола година како се продаваат во PC форма на Epic Store. Detroit: Become Human, нивниот најнов наслов, требаше одамна да излезе, но таквото нешто неколку пати беше поместувано, за да дефинитивниот датум на излегување стане 12 декември.

PC верзијата ветува целосна конверзија за максимална игривост со тастатура и глувче (или гејмпад), во графички разубавена околина. Играта ја имаме играно и на PS4 (Pro) и не можеме да дочекаме да видиме како нешто преубаво може да биде уште поубаво. Но, тоа доаѓа со цена и, доколку сакате да ја искусите Detroit: Become Human во целата графичка слава потребен ви е i5-8400 процесор, 16GB RAM и Nvidia GeForce GTX 1060. Со исклучок на рамот, сметаме дека побарувачката не е пропратена со данок во крв.

Од друга страна, за графички осиромашено искуство, се бара и те како нескромна конфигурација во чиј состав влегува i7-3770 процесор, 8GB RAM, и Nvidia GeForce GTX 780.

Значително пред излегувањето на Beyond: Two Souls и Heavy Rain на PC, Quantic Dream понуди демо за игрите. Демо верзиите беа совршени, а исто така и целосните верзии на игрите. Detroit: Become Human излегува за неполн ден, а демо верзија за играта сеуште нема, иако беше ветена многу, многу порано. Не знаеме зошто, но нашето размислување, врз кое одамна имаме изгубено целосна контрола, шпекулира дека би можело да има некој проблем и дека студиото не сака да го исфрли демото за да не го загрози бројот на предвремени нарачки.

Како огромни фанови на студиото Quantic Dream, сметаме дека Detroit: Become Human е нивното најголемо остварување. Се работи за наслов кој успешно ги брише границите и се поставува како наративно, интерактивно остварување од највисоки продукциски вредности. Detroit: Become Human е хибрид кој позајмува трикови од филмови и, преку рафинирани, но суптилни гејмплеј механики, ве потопува во ултимативното наративно искуство од кое тешко дека ќе излезете рамнодушни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии