Ќе може ли да го направиме најголемиот албум во светот, со 1 милион селфија?

Теди Пејоски и Митко Цабевски, кои ги знаеме како основачи на G6 и u:Plug, стартуваат нов проект – The World of Selfie. Идејата е да се реплицира сајтот од милион пиксели, но со еден милион селфи-фотографиии кои потоа ќе се спакуваат во албум. Идејата е да се остави лично обележје на интернет, како што го правиме тоа денес со фотографии за да му се претставиме на светот. „Селфито е обележје на нашето време“, вели Теди. „Затоа и го стартуваме проектот од 1 милион селфија за секој да може да остави своја лична ознака, и да покаже дека светот е поповрзан преку својата разновидност“.

Сајтот е најдобро да го отворите преку мобилен телефон и веднаш да закачите фотографија. Првите 10.000 селфија ќе бидат објавени бесплатно, потоа ќе се наплаќа симболична сума. Но, сите корисници ќе добијат дигитален албум, доколку се разбира, проектот биде успешен и стигне до 1 милион фотографии.

Ca9LP-WUAAAB2oQ

1 коментар на “Ќе може ли да го направиме најголемиот албум во светот, со 1 милион селфија?

  1. Да наплаќаат за да користат туѓа форографија со профитабилни цели во проект во кој ќе добијат само дигитален албум? :))))
    Проектот ви зависи од „муштериите“. Без нив проектот ќе ви пропадне. Не може да барате пари од нив. Ако барате мора да смислите подобра награда или возврат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии