Ќе можaт ли апликации да ни помогнат со загадениот воздух?

Kaко што се приближува зимата и грејната сезона, така се повеќе го забележуваме ужасниот квалитет на воздух низ градовите во Македонија. Проблемите со загадувањето не се новитет во Скопје и Тетово, но последниве неколку години достигаат епски димензии, а дел од медиумите јавија дека викендов Скопје е најзагадениот град во Европа. Градските власти најавија прскање на улиците за намалување на аерозагадувањето, но во исчекување на резултатите, препораката е во критичните часови со најголема загаденост најдобро е да си седите дома.

Но, иако сите го забележуваме ужасниот воздух, го мирисаме и го гледаме како сиви облаци врз нас, сепак тоа што нѐ прави загрижени се бројките кои доаѓаат од јавните метрички станици, спакувани во креативната и популарната апликација Мој Воздух, која сега има нова веб локација, mojvozuh.eu. Апликацијата често ќе ја забележите на друштвените мрежи, поточно ќе ја видите како скриншот кој го споделуваат корисниците кои се загрижени од загадувањето што е до пет пати над дозволеното.

mojvozduh

Секоја метрика за загаденоста на воздухот е добредојдена за да сфатиме што дишеме, да научиме дека треба да носиме маски, и кога не треба да излегуваме од дома. Но, дали оваа апликација, или подобро дали технологијата ќе може да ја крене свеста кај граѓаните за решавање на овој проблем? Според Горјан Јовановски, програмер, студент и креаторот на Мој Воздух, податоците се клучни, посебно кога ќе бидат презентирани внимателно. Но, на крај, сепак се останува во рацете на луѓето.

„Перцепцијата секако верувам дека се менува со МојВоздух. Податоците се подостапни, на начин на кој што се разбирливи и навистина се обрнува внимание на презентацијата. Но дали ќе се подобри квалитетот на воздухот е навистина до луѓето. Сега, откако ги имаат информациите за тоа што дишат секојдневно, зависи од нив дали ќе преземат чекори за намалување на загадувањето. Знам дека не е само до нас, дека фабриките придонесуваат голем дел од него, но автомобилите и неправилното согорување во домовите е нешто што можеме ние да го превентираме“, вели Горјан.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии