Ќе го спаси ли софтверска надградба Boeing 737 Max?

Падовите во Етиопија и Индонезија неодамна ги приземјија сите Boeing 737 Max авиони. Директорот на компанијата пред приземјувањето тврдеше дека причина за уривањето е софтверски пропуст кој ќе се среди набрзина. Веројатно поважно прашање е дали авионот воопшто требало да добие дозвола за употреба од агенциите кои сертифицираат летала за употреба.

Надминувањето на проблемите е веќе започнат. Во фабриката на Boeing пилотите започнаа да го тестираат новиот софтвер во симулатор. Засега промената им овозможи на пилотите во симулацијата да слетаат со авионот без поголеми проблеми, пишува New York Times.

Причина за падот на двете летала е лоцирана кај софтверот MCAS кој во комбинација со дефект на механичкиот сензор е причина за пад на авионите. Она што го прави MCAS е спречува авионот да престане да работи поради преоптоварување на моторите. Начинот на кој го прави ова е со автоматско спуштање и моторот на авионот нема да престане да работи. За жал, Boeing 737 има мотори кои придонесуваат со проблемите и самиот авион поради ова полесно се оптоварува. Уривањето на Boeing 737 Max во Етиопија и Индонезија е предизвикано во комбинација со расипан механички сензор.

Но, ова е само површина на проблемот. Вториот дел на проблемот е дека пилотите немале доволно обука со MCAS софтверот и не разбирале како работи. Поради ова, но и поради фактот дека таблата која дозволува споредби и овозможува да забележат дека она што го покажува механичкиот сензор е грешка е дополнителна опрема, несреќите не можела да бидат спречени.

Конечни причината за несреќата е цената. Авио превозниците ќе требале да ги тренираат своите пилоти, што ќе го направело новиот авион помалку посакуван за купувачите. Сепак под притисок на падовите и приземјувањето Boing повика 200 пилоти на кои ќе им ги претстават промените на софтверот.

Софтверот е лесна „мета“ за обвинување, за многумина компјутерските науки се мистерија. Сепак причините за овие уривања се искуства со кои сите сме запознаени, притисок да се испорача порано, искушение да се заобиколат некои воспоставени пракси, и надеж дека во еден голем и комплексен свет, мала грешка нема да ја уништи целата програма, вели Quartz.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии