Ќе читате ли книги на Amazon Kindle 2019?

За повеќето љубители на пишаниот збор, Amazon Kindle направата е неочекуван благослов и феноменално парче технологија за впивање книги. Дали е таква ситуацијата и со Amazon Kindle 2019?

Корисниците на претходната верзија на Amazon Kindle, веднаш ќе видат дека екранот е и понатаму со големина од 6 инчи. Но, многу корисници се имаат изјаснето дека 256ppi Eink екранот е значително попријатен на очите, особено кога ќе се спореди со искуството од читање книга од таблет, или телефон. За жал, и 2019 верзија на Amazon Kindle нема никакви физички копчиња. Поради тоа, манипулација со книгите и нивното прелистување се остава на touchscreen можностите. Иако е ова модерно и флуидно решение, физичките копчиња на постарите верзии нѝ пружаа значително поголемо задоволство.

Споредено со Paperwhite, Amazon Kindle 2019 има 4Gb простор за складирање книги (Paperwhite верзија има 8GB), но се одликува со пет LED предни светла кои помагаат за попријатно читање во послабо осветлени услови. Водоотпорната направа има поддршка за Bluetooth. Ова, во комбинација со Audible поддршката, пружа одлични можности за  паралелно слушање и аудио книги. Бидејќи нема приклучок за стандарни аудио слушалки, принудени сте да користите Bluetooth слушалки.

Amazon Kindle 2019 е продукт на интересни компромиси кои се чинат како директен резултат на повратните информации од самите корисници. Направата се чини полесна и попријатна за држење, особено при подолги сесии, а екранот, потпомогнат со Led осветлувањето, не ги оптеретува очите на ист начин како што може еден таблет. Тоа што сега имaте 4GB простор не делува како проблем за е-книги (тие се исклучително лесни), но знае да биде проблем доколку решите да преземете неколку аудио книги (особено со подобар квалитет). Да, аудио книгите можат да се слушаат и преку телефон, но има нешто неодоливо исполнително кога една направа ви дозволува ем да читате книга ем да ја слушате.

Нашата потрага за Amazon Kindle 2019 во Македонија, нè остави со празни раце. Но, тоа не значи дека не треба да кликнете на некој од следниве линкови:

5 најнови аудио книги за ИТ индустријата

Книги базирани на компјутерски игри

Топ 9 книги на македонските претприемачи во 2016-та

Sci-fi и fantasy книги кои излегоа во март 2018

5 книги кои морате да ги прочитате за време на новогодишните празници

10 најдобри sci-fi и fantasy книги за месец март 2019

Како бесплатно да читате книги?

Слушајте класични аудио книги со LibriVox

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии